Skip to content

Кукла од порцелан – Софија Петковска

  • by

Во стаклено ѕвоно,

ко розата на Ѕверот,

моето срце да можам да го ставам,

таму храм да му издигнам,

молчеливо и претпазливо да го набљудувам читаво да биде.

На полиците,

ене онаму,

во книгите,

моите зборови вешто да ги скријам,

низ компарации и метафора да говорам,

и само со душите налик на мене да се сплотам.

Во партитурите,

над пијаното со векови старо,

тука,

во тие црни, мали ноти,

во таа тивка музика,

да можам душата да ја скријам,

со виолински клуч да ја заклучам
негибната да биде.

Мислите мои,

ковчези злато да ги сторам,

па така преполни дребулии,

в море да ги фрлам,

легенда да се сторат.

И на крајот,

моето тело на бина да го качам,

Veni, vidi, vici јасно и гласно да кажам,

скршените парчиња порцелан на купче да ги соберам

и како Феникс од нив да се издигнам,

гордо на публиката да се поклонам

и со секој атом од мене,

во громогласен аплауз да уживам.

Persona grata,

noli turbare circulos meos.

Автор: Софија Петковска

Напишете коментар