Дојде времето на шармантните лудаци.
Ти си од нивното време.
Дали си луд?
Дојде времето на нереди и метежи.
Ти си конфузија.
Дали си дел од ова време?
Дојде времето за исправување на вистината.
Ти си во право.
Дали си вистина?
Дојде времето за ставање огради на улиците.
Ти си улица.
Дали си небото над ѕидот?
Дојде времето кога сонуваме да имаме дом.
Ти имаш дом.
Го живееш ли својот сон?
Дојде времето на Маркизот де Сад.
Ти не уживаш.
Слободен ли си?
Дојде времето на мртовци по улиците.
Ти трчаш кон ветерот.
Дали тоа е смртта што те зграпчува?
Дојде времето на безумните љубовници.
Ти си без облека.
Си се соблекол ли некогаш?
Дојде времето за судири.
Кажуваш зборови кои не се човечки.
Дојде времето на штрајкот на подземјето.
Не живееш во склад со времето.
Еве ги тенковите и полицијата.
Си го ставил срцето во главата.
Бегаш како ганстер.
Дојде времето кога не ми е гајле.
Преку глава ми е од сѐ.
Нека ме уапсат.
Нека ме уапсат со толпата.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.