Душа, тело, ум Клиничка психологија Психолошко катче

Како стресот влијае на здравјето и продуктивноста?

Одамна е познато дека стресот премногу лошо влијае на нашето целокупно здравје. Покрај штетното влијание врз здравјето стресот исто така негативно влијае врз нормалниот тек на животното функционирање.

Какви се негативните ефекти од стресот?

Негативните ефекти од стресот врз психата и телото се повеќекратни. Акутниот стрес го оптоварува нервниот, ендокриниот и мускулно-скелетниот систем, што најчесто и сами го чувствуваме како вознемиреност, забрзана работа на срцето, зголемен притисок, и тензија во мускулите, болки во зглобовите, грбот и вратот. Интензивниот или хроничниот стрес може да влијае врз функционирање на имуниот систем и на тој начин нè доведува во ранлива позиција и нè прави склони кон подлегнување на различни заболувања.

Тогаш се чувствуваме и психички ранливи со зголемена емотивна осетливост, промена на расположението, ослабена концентрација, пад на енергијата и умор. Ваквите психолошки состојби можат да се развијат во анксиозност, панични напади или депресивност.

Тогаш индивидуата освен наведените последици чувствува губиток на работна мотивација, незаинтересираност, отуѓеност, невозможност да произведува енергија потребна за работните активности, невозможност да ги следи работните и животни задачи и да одговори на истите.

Кои се причинители на стрес?

За да живеете здрав и продуктивен живот покрај грижата за физичко здравје мора да се води грижа и за менталното. Причинителите за појава на стрес се разновидни. Можат да бидат биолошки, психолошки или од социјална природа, па поради тоа и различни функции страдаат кај различни луѓе.

Како што постои единство и неделивост на биолошката, психолошката и социјалната природа на човековото битие, како последица на тоа настануваат сложени биопсихосоцијални нарушувања. После бурните реакции на стресна ситуација, нивото на кортизол и адреналин опаѓаат, срцевиот ритам и крвниот притисок се враќаат во нормала, а варење и метаболизмот се регуларни. Но ако стресните ситуации се натрупуваат една по друга, организмот нема време да заздрави.

Хроничниот стрес е резултат на лошиот одговор за адаптација на низа непријатни, долготрајни животни ситуации кои ги исцрпуваат механизмите за одбрана на човекот. Кај личностите кои имаат незрели механизми на одбрана, непријатности, страв се јавуваат различни невротски реакции (од класична невроза, страв до одредени фобии).

Сите симптоми се помалку интензивни отколку кај акутниот стрес. Кај акутниот стрес имаме страшни ноќни мори, флеш бекови, проживување стресогени ситуации во сегашноста, човекот мисли дека влегува во психоза.

Стресот различно делува врз различни луѓе, неговиот интензитет кај сите е различен. Кардиоваскуларниот како и дигестивниот систем се вообичаени „мети“ од негативните последици од стресот. Последици се зголемен крвен притисок, појава на чир на дванаесетпалачно време, т.е. генерално проблеми со варење на храната. Сите овие се очигледни последици од прекумерниот стрес.

Стресот може да се поврзе со различни инфекции. Кога организмот е „оптоварен“ со штетен дигестивен стрес, не е во состојба ефикасно да ги активира своите природни одбранбени механизми.

Некои показатели за добро ментално здравје се следниве:
  • Способност за прилагодување на промени
  • Способност со соочување со реалноста
  • Способност за развивање и одржување задоволувачки врски со луѓето

Стресот е нормален дел од животот. Меѓутоа, преголема секреција може да доведе до проблеми во домот и на работа. Некои од причините за стрес го вклучуваат ова:

  • Културно разидување
  • Генерациски разлики
  • Проблеми во бракот и семејството
  • Осаменост
  • Сиромаштво
  • Невработеност и
  • Промена на кариера

Знаците за ментален стрес вклучуваат губење на апетитот и проблеми со спиењето, прекумерен умор, проблеми при концентрација, претерана раздразливост, сомнеж, жалење за здравствени проблеми без причинител, беспомошност и безнадежност, претерана грижа, халуцинации и заблуди, алкохолизам, наркоманија, и мисли за убиство и самоубиство.

Сериозни знаци дека некоја индивидуа е под стрес:
  • Губење или зголемен апетит
  • Проблеми со спиење
  • Нарушена концентрација
  • Преголема раздразливост
  • Чувство на безнадежност
  • Претерана грижа

Доколку забележите дека имате проблеми со стрес и дека не сте во состојба самостојно да се соочите со него, неопходно е да се обратите некому за помош. Впрочем, ако стресот ви создава сериозни физички, како и психички проблеми, не се надевајте дека ќе исчезне сам од себе и не го игнорирајте.

Многу е важно да бидете свесни за проблемот што го имате, да бидете доволно силни да побарате помош прво од некој близок, а потоа доколку е потребно и од професионалец. Погрешно е распространето мислењето дека е срамно да се оди на психолог или психијатар, како и дека со самата посета му порачуваме на остатокот од светот дека нашето ментално здравје е нарушено.

Треба да се има на ум дека признавањето на проблемот и барањето помош за решавање на истиот не е знак на слабост туку на разумност.

Дознајте што треба да премолчите кога некој има паничен напад.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје