Литература Поезија Светска поезија

Бакнеж – Шудип Сен

Денес е Светскиот ден на бакнувањето. Бакнежот меѓу два вљубени бил чиста инспирација за поетите. Ви ја претставуваме песната „Бакнеж“ од Шудип Сен, индиски поет.

Делата на Сен се преведувани на над 25 јазици. Негови дела се објавувани во многу престижни книжевни списанија и весници. Најновите дела на Сен се појавуваат во Ново писмо 15 (Granta), Јазик за новиот век (Norton), Лила: Еротска игра на стихови и уметност (Collins), Индиска љубовна поезија (Knopf/Random House/Everyman), Преку граници (Bloodaxe), и Зачеток: Ново писмо на Оксфорд (Blackwell). Тој е главен уредник на AARK ARTS и уредник на Атлас. Сен е првиот Азијат почестен да говори и чита на Неделата на нобеловци. Владата на Индија го има наградено за посебни заслуги меѓу „истакнатите личности во полето на културата/литературата“.

Бакнеж

еден папсан бакнеж –

најслабиот мирис на океан –

ветре со солени усни, моли –

Превод: Ана Топенчарова

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје