Некогашното: Што ли ќе беше, ако не беше тaа?
Се претвори, во сегашното:
Што си сега, кога веќе не си тaа?
Што се случи со твојата семоќност?
Зар не можеш да прелеташ?
Можеби, ранети се твоите крилја?
Зар си го изгуби компасот,
та не можеш да нè најдеш?
Зар згасна месечината,
која ти го осветлуваше патот?
Знам… Знам…
Те ограби најблискиот. Да.
Го пушти лесно нож во грб да ти зарие.
Но… Не! Нејсе!
Не те обвинувам, не те осудувам,
не те критикувам!
Си ветив на себеси…
И ти не предвиде.
Не очекуваше.
Предвреме ги затвори очите…
и… се предаде.
Твоето СЀ е сега во нечие НИШТО.
Животот, дождот ти го изми.
Идентитетот ти се затрупа со купишта песок.
Своебиднината, ветрот ти ја разнесе.
Постоењето, сенката ти го засени.
НЕКОЈ – „ТОЈ“ – ти го одзеде животот,
Како ти нас, твојот допридонес!
Барајќи ја слободата…
Зашто единствено небото
е бесконечно совршенство,
Се искачив до височините,
но и таму не те здогледав.
Барајќи ја слободата…
Ѕиркав по песните, романите…
Но, од тебе ни трага ни глас…
Барајќи ја слободата…
Почнав старото злато да го ископувам,
но и оттаму ти не заблеска…
Како да живееш, без да дишеш,
Треперејќи во страв, без ни малку храброст.
Каде ли те затворија?
Каде ли, одново пак те закоренија?
Барајќи ја слободата…
Те повикував дури по
најправиот закон на природата
По законот на амбициозниот и упорен Џонатан!
Како да си одлетала
со јатото што него го напушти, но зошто?
Поради неговата наметливата природа?
Но, да знаеш тој сепак е во право.
Каде и да си, ти ќе ме чуеш…
Со кого и да си, ти ќе ме разбереш…
Колку и далеку да си, ти пак ќе се вратиш…
Галебот, култниот симбол на слободата!
Вратете ми го само тој, чие име брои седум букви!
С Л О Б О Д А!
Елена Ангелеска