Распишан конкурсот за најдобар расказ на манифестација „Вечер на Живко Чинго“

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен македонски граѓанин.

Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: За конкурсот за расказ.

Авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31-ви јули 2020 година. Доставените трудови не се враќаат.

Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 7-ми август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари.

Извор

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?