Следниве цитати од будизмот ја доловуваат смислата на постоењето. Тие даваат одговори на прашањата “Што е мудроста?“ и „Која е најголемата добрина?“. Овие принципи се многу едноставни, но многу моќни доколку се практикуваат. Прочитајте ги мислите во продолжение!
1. „Највеликодушната работа е да не се врзувате.”
2. „Најголемата добрина е мирниот ум.”
3. „Ослободете се од минатото, ослободете се од иднината, ослободете се од сегашноста. Со срцето кое за ништо не се фаќа ќе стигнете до место кое е надвор од патењето.”
4. „Ако човекот направи добро, нека го повтори тоа и нека ужива. Пријатно е натрупувањето на добрината.”
5. „Најголемата мудрост е да се види подалеку и подлабоко од само физичкиот изглед.”
6. „Со мир победете го бесот, со добро победете го лошото, со дарови победете ја скржавоста, а лагите со зборот на вистината.”
7. „Ако ви зборуваат гласно, тогаш стишете се како напукнат гонг. Да не возвратите е знак на слобода.”
8. „Најголемото трпение е скромноста.”
9. „Покрај големиот вложен напор и труд, резултатот е неважен.”
10. „Подобро е да се победите себеси, отколку другите. Оној кој себеси се скротил, секогаш ќе живее воздржано. Таквата победа ниту едно друго суштество не може да ја претвори во пораз.”
Прочитајте ги и кинеските мудрости за животот!
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.