Се викам Цвете
мама ми вели дека јас
сум била најубаво дете,
и ми го повторува тоа секој час.
Сакам да си играм, да пеам
најубаво ми е кога се смеам!
Сакам да се гушкам и галам
кога не сум дома ужасно фалам.
Моето име е Цвете
баба ми за мене чорапчиња сплете.
А, пак дедо ми весел рече гласно:
„Денес ќе ја водам внука ми во паркот,
нека ви биде јасно!“
Ме фати за рака и тргнавме пешки,
а по патот деде ми кажуваше смешки.
Ми купи и сладолед во корнет
па така денот на двајцата ни беше исполнет.
“Цвете, ти си најубавото дете“,
дома секој ми вели,
а јас им велам, братче или сестриче
кај нас сакам да се всели.
Мајка ми ми рече,
“наскоро нема да бидеш сама,
еве ти ветува мама!“
Не сакам веќе сама да си играм,
со друг треба играчките да си ги делам!
Ќе дојде и тој час,
кога ќе станам постара сестричка јас!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.