Душа, тело, ум Психолошко катче

10 видови однесувања на интиутивните луѓе кои другите потешко ги разбираат

Интуитивните типови на личност се луѓе кои повеќе се заинтересирани за она што не е кажано или земено во предвид! Тие повеќе ги ценат теориите и истражување на можностите наместо “стварноста“ на светот околу нив. Ова однесување има тенденција да “боде во око“. Речиси секоја интуитивна личност може да се сети на ситуации во кои околината била целосно збунета од нивното размислување и однесување.

Прочитајте ги во продолжение нивните видови на “однесувања“.

Влегуваат во симултани расправи

Интуитивните личности не го сфаќаат во целост проблемот додека не го “разгледаат“ од сите можни агли. Тие не се расправаат поради тоа што сакаат да бидат тешки или непристојни – се расправаат бидејќи мора да ја тестираат валидноста на темата така што ќе ја разгледаат од сите страни. Сакаат да се уверат дали во нивните размислувања ќе се појават “дупки“, а некои од нивните најдобри учења се одвиваат низ процес на расправија.

 Силно се насочени кон планирање на иднината

Интуитивните луѓе живеат исклучиво во иднината – ти сакаат да ги разгледуваат опциите што можат да им се појават, кои цели треба да си ги постават себе, како ќе изгледа нивниот живот за дваесет години. Секако, невозможно е да се испланира секој детаљ од животот….па планот е подложен на одново прилагодување. За екстровертните интуитивци, повторното прилагодување се случува речиси секојдневно. За интровертните интуитивци прилагодувањето се случува според потребата – но редовно.

За нив правилата се предлози

Не станува збор за тоа дека интуитивните луѓе се бунтовни туку тие само анализираат зошто постои правило пред да одлучат дали ќе го следат или не. Овој вид на луѓе го презира произволното дејствување, ако сметаат дека правилото е застарено или неефикасно, немаат проблем со тоа да го отфрлат и да ги прават работите на свој начин.

Анализираат сè

За интуитивните луѓе не е доволно да разберат како одредено прашање се однесува на нив – тие исто така мора да ги разберат глобалните импликации на тој проблем или темелната теорија која поврзува сè заедно. Тие сакаат да знаат објаснување за секој опиплив проблем.

Не веруваат во авторитет

Интуитивните луѓе веруваат во компетентност повеќе од квалификациите и сакаат да донесат сопствен суд за тоа колку другите се компетентни. Тие се многу свесни за човечката склоност да даваат предност на соодветноста и престижот на анализата и не можат туку така да поверуваат во кој било воспоставени состав само затоа што е веќе долго присутен.

Бараат разноликост

Ваквите личности се природно привлечени од невообичаени и неконвенцијални работи. Тие целиот свој живот го поминуваат обидувајќи се да го состават сеопфатниот светоглед, што значи дека настојуваат да сфатат повеќе можни разноличности.

Имаат “чудни“ интереси

Со оглед на тоа што не го знаат секогаш е поинтересно од тоа што го знаат, веројатно ќе се интересираат за необични теми или теории. Уживаат во истражување теории и завери од други тавки “невоспоставени“ методи на расудување, бидејќи уживаат во аспектот “ментална гимнастика“, поврзување на наизглед неповрзувачки нешта заедно.

Практикуват селективно дружење

Екстровертните интуитивни луѓе се сметаат за најинтровертни од екстровертните типови. Интровертните интуитивни луѓе можат да бидат традиционално интровертни во природа, но ако ги ставите кои било од овие видови во една соба заедно, разговорот најверојатно ќе трае со часови.

Интуитивно – доминантните типови често брзо се изморуваат кога се ангажирани во своето физичко опкружување, но тие бескрајно се енергизирани кога се вклучени во квалитетен разговор. Таквите типови се сметаат за “селективно социјални“ – повеќе би им одговарало да бидат сами отколку со луѓе со кои не се поврзуваат, но кога се во друштво на други интуитивни типови, нивната социјална страна одеднаш доаѓа до израз.

Имаат алтернативна животна насока

Интуитивните луѓе се природно привлечени од чудни, провокативни и неконвенционални работи. Можат да бидат склони да се вклучат во нетрадиционално структурни односи или да експериментираат со изборите на начин на живот кои се над општествените норми. Бидејќи тие типови имаат пристап “зошто да не“ кон нивните животи, често испаѓаат бунтовни. Не се работи дека тие сакаат сè да направат поразлично – само нивниот животен стил го одржува нивниот начин на размислување, а нивниот ум е всушност многу чудно подрачје.

Склони се кон жестоки тврдења со кои дури и не се согласуваат

Ако постои сигурен начин да му влезете на интуитивен тип под кожа тоа е инсистирање на тоа дека во основата нешто е црно или бело. Тие брзо ја преземаат улогата на застапник во секоја ситуација во која се чувствуваат дека спротивната страна обликува мислење без разгледување на алтернативното гледиште. Овие типови луѓе се склони кон жестоки тврдења со кои дури и не се согласуваат, само за да докажат дека прашањето е посложено отколку што тие околу нив претпоставуваат.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје