Занимливости и информации Општо

Куќите – музеи на француските писатели кои треба да ги посетите

Шато де Монте-Кристо од Александар Дима

„Можеме лесно да се заљубиме во овој споменик, како млад човек кој сака млада месечина “, рече Леон Гозлан во стрипот „Алманах“ во 1848 година. 170 години подоцна, секој патник може да го почувствува ова кога поминува покрај замокот на Монте-Кристо. Вгнезденa на ридот Пор-Марли, оваа возвишена  градба е излезена директно од имагинацијата на Александар  Дима, кој сакал да изгради палата во негова чест, далеку од вревата на главниот град. Под импресии од спокојството на бреговите на Сена, опијанетиот автор на Тројцата мускетари го ангажирал архитектот Иполит Диран  да изгради замок во ренесансен стил, опкружен со англиска градина. На 25 јули 1847 година, Шато де Монте-Кристо се појавил  пред јавноста. Денес, малиот рај на Дима пречекува  се повеќе посетители.

Куќата на Стефан Маларме

Во близина на Сена, каде што Стефан Маларме сакал да се засолни, во својата мала куќа покрај вода  сместена во Валвен, каде што пишувал, работел во градината, возел чамец и ги пречекувал неговите блиски пријатели за време на летните или велигденските празници. Сега музеј во негова чест, оваа тивка куќа  е живо и прекрасно сведоштво за животот и делото на „Принцот на поетите“, за кој особено можеме да видиме дека е верна реконструкција на неговото живеалиште, украсена со многу вистиски сувенири и ретки предмети  кои припаѓале на поетот. За да ја завршите посетата ја имате цветната и богата градина дизајнирана во духот на 19 век.

Шато де Медан

Ако имало едно место што ја отелотворува француската литература, тоа би било Шато де Медан. Сместен на ридот на бреговите на Сена, оваа поранешна ложа  за ловци беше домот во 1527 година на Жан Бринон, мецена  на Ронсар, кој ги собра поетите на Плејадата, пред да го пречека скоро 400 години подоцна белгискиот писател Морис Матерлинк, автор на Пелеас и Мелисанде и добитник на Нобеловата награда за литература во 1911 година. Денес овој замок со својата богата историја може да го посетите само со претходно закажување.

Куќата на Емил Зола

Во Медан исто така се наоѓа и  резиденцијата на еден голем француски писател, заведен од тивкиот шарм на градот. Од 1878 до 1902 година, Емил Зола го применил во реалност своето славно мото „Нема ден без напишан ред“  и таму ги  ги напишал Нана, Жерминал и Човечката глупост. Сега е затворен за јавноста заради реновирање, ќе биде домаќин на музејот Алфред Драјфус до крајот на годината, првиот постојан музеј посветен на аферата Дрејфус.

Куќата на Виктор Иго

Сместена во срцето на Place des Vosges (плоштадот Вож) во Париз, Куќата на Виктор Иго  (Maison de Victor Hugo) беше затворенa  за реновирање уште од минатата пролет.Скоро една година подоцна, поранешната резиденција на францускиот писател, кој живеел таму на вториот кат од 1832 до 1848 година, каде што ја напишал „Клетници“, ги отвора повторно вратите, збогатен со кафетерија  сместена во дворот кој претходно беше недостапен за јавноста.

Куќата на Жорж Санд

Во едно мало село во долината Крез, „Вилата Мансо “, како што Жорж Санд ја нарече во чест на својот придружник, кој го купил овој имот откако се заљубил во неа на прв поглед, каде се сместени бројни документи и фотографии од архиви, како и „микроскопска“ просторија како што ја опиша авторката, каде таа уживаше во работењето.

Куќата на Марсел Пруст

Тогаш, во оваа куќа, онаа на тетка Леонa, херојот од „Во потрага по изгубеното време“ ги вкуси познатите мадлени  што го прославија Комбреј. Бидејќи им припаѓала на Жил и Елизабет Амиот, чичко и тетка на Марсел Пруст, каде како дете доаѓал да ги помине летните одмори и  сега таму е  сместен музејот посветен на него.

Куќата на Балзак

Сместена на висините на стариот Паси во Париз, куќата на Балзак сега e модернизирана.Внатре, може да ја најдете работната соба на писателот која сам ја уредувал, од 1840 до 1847 година, и каде ги напишал некои од неговите ремек-дела. Додека убавиот избор на скулптури и уметнички дела ја украсува трасата, станувате сведоци на разновидното дело на Балзак и неговото влијание врз неговите современици.

Продолжува на следната страница.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје