Прочитајте ја оваа прекрасна легенда за еден од најпознатите средновековни јунаци од овие простори, кој останува да биде симбол на храброста и христијанската чесност, славниот Крале Марко.
Крале Марко бил син на Крал Волкашин. Ко му се родило прво дете машко на Крал Волкашин, тој од мерак, детето уште не задоено, го избањале, го повиле, го пратил во црква да го крстат детето. И ко се вратил од црква го прашале тија:
– Аљ го крсти детето?
– Го крстевме.
– Како име?
– Тој ќе се викат: Марко крале ?
И сега, Крал Волкашин од мерак дека му туриле такво име и поканил гости на треќа вечер, поканил гости во неговата кралштина да доет на вечера. И дошле гостите, вечерале и полегнале да спијат. Ама Крал Волкашин сакал да чује каков к’смет ќе му наредат наречниците, се сместил така во едно ќоше божем спије. И дошло во глуво доба наречниците. Едната рекла:
– Е каков к’смет да му наредиме на детево?
Па другата рече:
– Да му наредиме, рече, кралско дете, некој голем к’смет.
А треќата рекла:
– Голем к’смет: да биде јунак, што од него појунак да нема. Ко ќе порасне момче на осумнаесет години, на татака му коските дам у ги искрши.
И кога чул тија прикаски, тија зборој од тија трите наречници Волкашин, се налутил:
– Ај мајката, што ќе ми и’ крши тој мене коските?
Зел сабајлето една кошница, го фрилил у Вардар.
– Ај рече, шо ќе ми и’ кршиш ти мене коските, крши глава ти!
Ја фрил кошницата. А нема тоа што пишује, тоа името не се загубује.Си пазил некој овчар овци покрај Вардарот, ко гледа, по Вардар плива кошница и во кошницата плаче дете. Полека, полека, влегол во Вардарот, ја фатил кошницата, ко гледал дете у кошницата, машко дете. Го извадил и си го однел дома кај мајка му. Го чувале едно седум, осум години, десет години. Го поткрепнале малку, а детето било блосоено за јунак да биде и искочило на улица вака со деца да игра, фати едно дете лупни го од земја фати друго, лупни го, ги испотепа децата. Фатиле да го тужат тија селаните:
– А бре, рекле, од кај го најде овој ѓавол, ни ги испотепа децата тој? Тражи му чаре, бе!
И што ќе прај тој, имал неколку телиња и селските телиња ‘и собрал и ќе ој во планина да ги паси. И ги пасел некоја година, тамо до едно тринајсе години, ама тие телиња фатиле да му бегат натаму, наваму. Тој зел со стапот, едно натаму, друго натаму, ги испотепал телињата. Ко дошол му вика очуот, татко му:
– Кај се ти телињата, бе?
– Ја и кај лежат тамо.
Ко отиде, што ќе види, се истепани телињата.
– А, бе, ѓаол, бре кај те најдов јас тебе, толку беља, ми донесе. Кај моите телиња, па сега и селскиве телиња да ги плаќам. Крши глава, кај ти очи, тамо ти главата, да те невидам овде!
И тој избегал. Излегол и отишол тамо негде, кај некоја река, тамо имало вир, па шатки тепал, живел, се ранел. Арно ама, еден ден праел некој свадба. Си поканил сватој, си поканил кум, старејко, тамо, вамо, ама девер не можел да најде. Тешко било девер тогај, преку планини искочуеле арамии, ајдуци. Сватовите ќе разбегат, ама деверот зел заклетва да морат жив, мртов да седит кај невестата. И ошле. Ко дошле дома, се собрале тие сватови, а беја кум го канил па татка му Волкашин, го канил кум. И вели:
– Ти, рече, чоек, мајка му рекла ;”Тргнете, одете вије, што ќе стретите првата среќа, него да го земете девер.”
И веќе наминале кај што бил Марко. Тамо кај што седел, го нашле него, го зеле него девер. Го зеле, ја зеле невестата, ко се вратиле назад искочила некоја Арапетина, тамо некоја планина. Ко го виделе сватојте, туку нафрлале даројте, избегале сите. Само останал деверот и невестата. Отишол прво кај деверот рече:
– Фрли го дарот, и бегај оттука, зошто ќе загинеш млад и зелен!
– Е, ја немам никаков дар, дар мене ми ја дадоа невестата да ја водам.Ти ако сакаш, рече, ај да се бијеме, ја овде глава остам, невестата не ја остам.
Марко го убил, го превртил тој Арапот, го оборил, му ја пресекол главата. Ја зел и ја води кај свадбата шо ја правета. Кога оди тамо во авлијата, во дворот, кога се собрале тије сватојте тамо во авлијата, во дворот, кога се собрале тие сватојите, пијат, јадат, ајде за бог да прости за невестата и за деверот. Овије мислат ги поништил тој Арапот. Кога чул така Марко, зел арапската глава, се качил на маса као што седеле. Тие се уплашиле, сакале да бегат. Е ама тој рекол:
– Ќутите, сите седате, на сите како неговата глава ќе ви исечам и вас!
И тие наседнале тука сите, зел тоа на Арапот глата, му ја кла тамо на кумот, татко му бил, не го познава, кај ќе го познај? Ни тој не го познава, ни тој.
– А бре, ти каков кум си ти, остај невестата, бегај. А?
И туку тој го удрил со тој боздоган татко му в гради, му ги искршил коските. И тој го угледал, угледал, угледал, тој рече.
– А бре, дете, ти чиво си, како си, чиво колено си, кој ти је татко, кој ти је мајка?
– Не знам татко, мајка мене ми е Вардар.
И тој се сетил оти го фрлил во Вардар и после пошто ги чул тије зборој оти ќе му ги скрши коските и станал, го прегрнал, го бацил, рече:
– Е море дете, ти знаеш чиј си? Мој син си!
И после овој му се поклонил на татака му, му бацил рака ,колено :
– Прости ми, татко!
– Е, рече, сега просто нека ти је, јас го чув тоа уште во треќата вечер оти ќе ми скршиш коските и затоа те фрлив у Вардар.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.