,,Крикот на душата е многу опасна работа. Знаеш така? До толку опасна што може да ја убие човечноста во човекот. Опасна е затоа што човекот после тоа со сопствени раце може да ги закопа сите емоции што претходно ги негувал.
До толку опасна што го завртува клучот од кафезот и човекот се наоѓа внатре во него плашејќи се од надворешниот свет. Мислејќи дека доколку излезе меѓу луѓето со чисти емоции, можат да го уништат. Еден вид на одбранбен механизам. Крикот на душата е опасен, а е толку тивок и недостижен за луѓето околу нас. За оние кои не ја познаваат нашата душа. Но за нашите сетила е многу гласен.
До толку гласен што ние во тој миг плачеме и со дланките ги покриваме ушите. Прави земјотрес во нашето битие и ние се наоѓаме положени на бојното поле, како паднат војник после тешка битка. Крикот на душата е опасна работа ако се премолчи. Ако се обидеш да го загушиш со насмевка.”
,,Знам”, тивко рече и ја наведна главата.
,,Разбирам зошто се плашиш. Те плаши тој крик, те плаши сознанието дека може твојата душа повторно да биде повредена, а тебе пеколно да те боли”, се изјасни тој.
Таа кимна со главата. ,,Но мораш мила да излезеш меѓу луѓето. Мораш да почувствуваш љубов. Мораш да ги пронајдеш скриените делови од сложувалката на твојот живот. Мораш да ги истражиш островите во себе. Мораш да се пронајдеш себеси.Мораш да ги разбудиш емоциите. Доста им беше толку сон. Само осмели се. Осмели се да сакаш и да покажеш емоции. Јас сакам луѓе со емоции. Јас те сакам тебе драга.
Има таму надвор луѓе исто како тебе. Што знаат да сакаат, но молчат. Има такви луѓе кои се пролет за душата, кои го искусиле крикот на душата, кои се борат, кои имаат аура со боите на виножитото, која потсетува дека сепак во секој човек има многу љубов, колку и таа да е понекогаш недостижна и неискажана. Запомни дека во секој човек има љубов, иако може не ја искажува на истиот начин како ти. Сепак има мила. Верувај дека има”, рече и ја зема нејзината дланка во својата.
Мигот кога се сретнаа нивните погледи, во тефтерот на судбината почна да се испушува една неверојатна приказна испреплетена со многу насмевки и исто толку солзи. Исто така, таа сфати дека човекот кој има емоции е токму до неа. На дофат ѝ е. Таа треба само да сака со чисто срце.
Викторија Саздовска
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.