Богомил Ѓузел е роден на 9 февруари 1939 година во Србија. Тој е македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач. Негова сопруга е македонската писателка Лилјана Дирјан. Богомил Ѓузел е поет, раскажувач, драмски писател, есеист – припадник на третата повоена генерација македонски писатели, онаа генерација што се појавува во втората половина на педесетите години на дваесеттиот век.
Во 1963 година завршил англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј”. Потоа работел како ТВ реализатор во РТВ Скопје.
Од 1999 година е в.д. директор на Струшките вечери на поезијата, до пензионирањето во март 2004 година. Во меѓувреме бил сeкретар на Македонскиот ПЕН центар (1963–64), секретар на Друштвото на писателите за односи со странство (1970–72) и еден од основачите и прв претседавач на Независните писателите на Македонија (1994), на чиј двомесечник за литература и култура „Наше писмо“ е главен и одговорен уредник од неговото основање во 1995 година.
Татко му, Димитар Ѓузелов, служел како гимназиски професор со забрана за враќање во Македонија, откога бил амнестиран од казната 20 години робија во 1931 (на која бил осуден по Скопскиот студентски процес во 1927, како главен организатор на илегалната ММТРО – Македонска младешка тајна револуционерна организација). По враќањето со семејството во Скопје 1941-та, за својата соработка со бугарскиот окупатор Димитар Ѓузелов е осуден на смрт како „народен непријател“ од Воениот суд на Југословенската Армија во 1945.
Богомил Ѓузел бил прв уредник на Блесок Поезија
Творечкиот опус на акад. Богомил Ѓузел опфаќа повеќе од 230 библиографски единици, од кои триесетина се поетски збирки, над 90 единици се објавени песни во антологии, списанија, зборници и сл., 85 единици се преводи на дела од странски автори, 23 единици се прозно творештво, како и редакции и уредништва на антологии, зборници, списанија и сл.
Поезија
Медовина
Алхемиска ружа
Мироносници
Одисеј во пеколот
Бунар во времето
Тркало на годината
Стварноста е сè
Опсада
Празен простор
Мрак и млеко
Рушејќи го ѕидот
Одбрани песни
Гол живот
Хаос
Она
Одбрана поезија
Проза
Куќа цел свет
Митостории (три драми)
Легенди
Награди и признанија
Богомил Ѓузел е добитник на најзначајната книжевна награда „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга помеѓу две Струги (двапати) и наградата за преведувачки опус „Кирил Пејчиновиќ”. Исто така, добитник е и на главната награда на Меѓународната писателска средба во Загреб 2002 година.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.