Почитта што ја давате треба да ја добивате за возврат. Почитувајте ги сите луѓе без разлика на нивниот пол, општествен статус, образование, етничка припадност итн. Сите заслужуваат да бидат третирани како што вие сакате да се однесуваат кон вас.
Научете да си почитувате самите така што нема да им се правдате на оние што имаат лош ден па поради тоа сакаат да го уништат и вашиот. Слаби се тие кои не умеат да дозволат да им биде добро на другите кога тие се чувствуваат лошо.
Почитувајте се себе така што нема да го занемарите фактот како луѓето се однесуваат кон вас. Ако ве почитуваат и ценат знаете дека тие се луѓе што треба да останат во вашиот живот, но доколку не е така, тоа е знак дека мора да ги прекинете контактите со нив. На тој начин што ќе стекнете подобри искуства во близина на други луѓе.
Кога нема да се плашите да бидете поинакви од другите, тогаш вие се почитувате себеси. Кој ви рекол дека мора да бидете исти? Врз основа на што тоа ќе додаде дополнителна вредност во вашиот живот? Ако верувате дека треба да бидете исти како сите други чекорите по патот на внатрешно чувство на незадоволство.
Имате почит кон себе кога ќе почнете повеќе да размислувате за смислата на вашиот живот. Кога ќе сфатите дека не сте само случаен минувач, и ќе се запрашате што вие можете да направите, кој оган силно гори во вашето срце. Кога ќе размислувате за своите цели, ќе ви стане јасно дека никој не може да ги оствари за вас освен вие самите.
Не ја спуштајте цената дозволувајќи им на другите да ве искористат и измамат. Верувајте им на своите способности. Почитувајте се себе така што ќе ја говорите вистината, но и ќе ја барате од другите. Сите маски кои влегуваат во вашиот живот, дури и оние од луѓето што се нарекуваат пријатели, земајте ги со резерва. Додека не покажат што стои зад нив.
Научете да се почитувате самите така што ќе ги пронајдете оние луѓе што знаат дека не сте совршени, но кон вас се однесуваат како да сте. Само така и вие ќе се однесувате исто кон нив.
Почитувајте се себеси, а другите нека го следат вашиот пример!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.