Памела Линдон Траверс (9 август 1899 – 23 април 1996 година) е австралиско-англиска писателка која најголем дел од својата кариера ја помина во Англија. Таа е најпозната по сериите книги за деца Мери Попинс, во кои главен лик е чудната дадилка Мери Попинс.
Кратка содржина
Бенксови се типично лондонско семејство со четири деца Џејн, Мајкл и близнаците Џон и Барбара . Кога нивната дадилка заминува, нејзината замена пристигнува една вечер носена од источниот ветер. Мери Попинс е суетна и лесно раздразлива жена, но под нејзината строга надворешност се кријат разни чудесии. Таа може со леснотија да вади огради, да лебди во воздух , да влегува во слики, да залепи sвезди на небото и да разговара со животните. Таа ги внесува во светотот на волшебните авантури и заедно го користат магичниот компас за патување низ целиот свет.
Но, дадилката Мери исто така ги учи и на добро однесување, а секоја непослушност е казнета. Децата сепак ја обожаваат. Таа e секогаш тука за нив и се грижи за нив за разлика од нивните родители и тие се чувствуват безбедно во нивна близина. Она што е најважно, иако нејзиниот свет и оној на редот и дисциплината тој носи и зраци на возбуда и нови чудни истражувања. Така, кога роденденот на Марија се совпаѓа со полна месечина, децата ја посетуваат зоолошката градина, но таму кафезите се полни со луѓе, а животните слободно си шетаат наоколу.
Сите се сеќавате и сте го гледале филмот и сигурна сум дека ги паметите волшебната торба и чадорот на Мери Попинс со кој можете да полетате заедно во нови авантури!!!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.