Никогаш не сум видела ангел. Но, знам како ги замислуваат повеќето луѓе. Облечени во бело, со големи крилја на грбот. Нели живеат на небото, па затоа им требаат крилјата да можат да летаат во височините. Никогаш не сум видела ангел, но еднаш почувствував прегратка од ангелски раце.
Тоа беше прегратка исполнета со многу љубов, трепети од среќа. И за да ја запамтам и ценам таа среќа, ангелот ме напушти по само 24 часа. И оттогаш наваму го мразам секој понеделник, болката ја закопав длабоко во себе, дозволив да пушти корења и никогаш да не заборавам.
Секој понеделник како да ми се потсмева, знае дека ми зел нешто најважно, не ми дозволува да заборавам. И никогаш нема.
Александра Стојановска