Јас сум пилот, секој знае
над облаци летам,
пренесувам луѓе, товар
низ цел свет ги шетам.
Ќе ви кажам, не е шега
за најмала грешка,
може веднаш да се случи
трагедија тешка.
Пред да летам два-три часа
се одморам, спијам,
кога сум во авионот
само вода пијам.
За да бидеш пилот деца
треба труд и мака,
но ако со љубов леташ
секој ќе те сака.
Извадок од збирка песнички „Со децата поубав е светот“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.