Подај ми рака,
помилувај ме по образот нежно,
да затреперам од твоето студенило
ко жица на гитара.
Подај ми рака,
помилувај ме по образот нежно,
да затреперам од твоето студенило
ко жица на гитара.
Подај ми рака,
приграби ме,
та заедно насмеани да трчаме
со мелодијата на ветрот во косите,
по полјана со полско цвеќе.
Качи ме,
на црвен покрив
и сошиј ми,
ќебе од шеќерна волна,
та со него стопли ми ја душава.
Прегрни ме
и раскажи ми приказна за месечината,
а јас внимателно ќе го голтам секој твој збор,
дур небото ѕвездите ги везе во очите наши.
Помирисај ја мојата коса,
со боја на мед,
дозволи ми да заспијам на твоето рамо,
минатото по патот на сништата да го загубам,
сегашноста да ја охрабрам,
во иднината да се заљубам.
Разбуди ме,
нежно,
со бакнеж од малина,
дај ми знак на надеж со твојата насмевка,
во косите прикачи ми цвет,
нека биде роза,
мојот омилен,
та летни со мене
на еднорог од желби.
Избањај ме,
во волшебен прав од љубов,
стопи го мразулецот во моето срце,
таму храм изгради,
со молитви да зацели.
Amor omnia vincit.