Skip to content

Уметност

на Теофил Готје

Не успеав љубовта да ја сместам во моето гнездо

Но успеав да ја сместам во срцево,

Сликав само со чувства, но не и со раце

Немав потреба да ја најдам уметноста

Таа ме најде мене во боите на виножитото,

Слушав звуци во боја

Халуцинирав

Случајно ја открив убавината

Ја видов светлината

Во очите на она што не служи за ништо

Во ништавината ја најдов смислата на моето постоење

Во убавината ја видов проѕирноста на Бог

И заспав со моите раце испружени кон она што го посакував

Уметност заради уметност

Предодрен бев за моите стихови

Уште пред да се родам

Уметноста е доволна причина

За живот.

Напишете коментар