Велат,
зборовите ми биле неразбирливи
Мислите пак,
извртени како морнарски јазол
Колку чини прашувам,
говорот лесен
Оти умов чудак,
чудесии изнесува в’ етерот
Пробувам,
да бидам како остатокот
Но виугиве имаат друг план, друг тек
Зошто!
се прашувам,
не сум безумен
За да уживам во драмава на име живот
Турбулентно како урагани,
мисли ми биднале
Идеи поворат,
како хорда разулавена
Соблазен сум кон новото и необично
Хедонистички терам по друмот,
со умот,
осамено…
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.