Еден бизнисмен бил во долгови до гуша, и во својот очај никако не успевал да пронајде решение за својата ситуација. Подигнал повеќе кредити и позајмувал пари од лихвари, а сега сите ги барале парите кои тој ги немал.
Излегол да се прошета во парк во надеж дека ќе му се оттргнат мислите, но бил уште повеќе очаен. Размислувал за можните начини да се спаси од банкрот додека шетал, а тогаш му пришол еден старец.
„Гледам дека нешто ве мачи. Можеби ќе ви биде полесно ако некому се пожалите?“, му рекол старецот.
Очајниот бизнисмен му ја раскажал целата своја ситуација, а старецот молчел без ниту еднаш да го прекине. Кога бизнисменот завршил, старецот рекол:
„Мислам дека Вам можам да Ви помогнам“.
Го прашал бизнисменот како се вика. Овој му одговорил, па старецот извадил чек, го запишал името на бизнисменот и му го предал.
„Земете ги овие пари. Ќе се најдеме овде за точно една година, и тогаш ќе ми ги вратите“ – му рекол старецот и исчезнал од масата пред бизнисменот да успее да каже нешто.
Погледнал во чекот – старецот му дал 500 000 долари, а името му било John Rockefeller, еден од најбогатите луѓе на светот!
„Можам да ги решам сите свои проблеми во оваа секунда!, помислил бизнисменот, но наместо тоа решил чекот да го стави во сеф. Доволно му било што знае дека во сефот постои решение за неговиот проблем, па сега би можел да се обиде да се извлече сам.
Така охрабрен од таа сигурносна мрежа којашто ја имал во сефот, успеал помалку повторно да стои на нозе. За пола година успеал да ги врати долговите, а потоа почнал да заработува. Година дена подоцна се вратил во паркот со чекот во раце.
После една година
Во закажаното време, старецот навистина се појавил. Бизнисменот само што тргнал кон него за да му се заблагодари и да му го врати чекот, тогаш зад старецот се појавила медицинска сестра.
„Така ми е драго што повторно го пронајдов! Се надевам дека не ви пречел. Умее да залута од болница и да им вели на луѓето дека е Rockefeller“, рекла сестрата.
Бизнисменот бил вчудоневиден. Една година бил уверен дека има магично решение во сефот, кое ќе го спаси од можната пропаст, а всушност немал ништо!
Тогаш сфатил дека не се парите (без оглед дали се вистински или не) тие што му направиле пресврт во животот.
Пресвртот се направил со новостекнатата самодоверба.
Прочитајте ја и оваа кратка поучна приказна за подарувањето!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.