Детско катче Занимливости и информации Приказни за деца

Кратка поучна приказна за подарувањето

За денес одлучивме да споделиме една кратка, но поучна приказна.

Прочитајте ја во продолжение кратката приказна за подарувањето која носи убава порака.

Еден мудар старец минувал по патот покрај едно убаво село и толку му се допаднало дека одлучил да остане да живее во него. Тој ги сакал децата и поминувал многу време со нив. Покрај тоа, тој сакал и да им дава подароци, но секогаш им подарувал само кревки и кршливи предмети.

Колку и да се труделе децата да си сочуваат подароците тие секогаш се кршеле во нивните раце. Децата биле тажни и плачеле. Времето си течело и мудрецот продолжил да им подарува играчки на децата, но колку поголеми станувале децата толку станувале и покревки и кршливи играчките кои им ги давал.

Родителите не издржале и отишле кај него, за да го прашаат зошто постапува така:

„Ти си мудар човек и знаеме дека им го посакуваш само најдоброто на нашите деца, но зошто им даваш такви подароци? Тие се трудат да ги чуваат, колку што можат, но играчките покрај сè се кршат и децата страдаат. А играчките се толку убави, што тие не можат да одолеат, а да не се играат со нив.“

Мудрецот се насмеал и им одговорил:

„Не разбирате. Тие ќе пораснат и наскоро некој ќе им го подари срцето. Можеби, тоа што го правам сега, ќе ги научи да бидат многу внимателни со скапоцениот подарок кој ќе го добијат, кога ќе дојде време.“

Наравоучение: Секој подарок е вреден, и треба да знаеме да ги цениме подароците какви и да се.

Прочитајте ја и кратката басна за пчелката и мувата.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје