Душа, тело, ум Психолошко катче Совети

Се наоѓаме во колективна егзистенцијална криза на идентитетот

Една од суштинските нешта што нè прави луѓе е нашето трагање за разбирање на нашиот идентитет, кои сме ние. Обидете се да ги опишете нештата коишто прават да бидете вие и кои сакате да ги правите.

Спектарот е широк: може да биде вашето омилено хоби, ваши психички или физички карактеристики, нешто што го правите во слободно време. Како и вашата работа, кариера односно професија или занимање.

Секој дел од нашиот идентитет беше допрен од овој вирус. Нешто што може да се забележи е дека откако се појави Ковид-19 многумина од нас имаат потешкотии со разбирање на сопствениот идентитет. Од едноставна причина дека нашите идентитети се предизвикани.

Не можеме да функционираме на истиот начин како претходно. Многу активности се прекинати, следење на спортски настани и натпревари во живо, неможноста да се прегрнат тие што ни се драги кои не се дел од семејството итн. Списокот е долг, се промени и начинот на работа, на одржување на работни средби и состаноци.

Начинот на комуникација и работење, се доведоа во прашање капацитетите на просториите во кои се работи, дали се прилагодени на новите услови за работа, временските околности. Сè треба да се земе во предвид за да биде ефективно спроведено и безбедно за работа и живеење.

Приказните што ги кажуваме сега се поинакви, иако сè уште сме човечки суштества нашата перспектива е променлива, и сè уште сакаме да бидеме надвор. Меѓутоа повеќе од кога било поминуваме време во внатрешноста, во удобноста на домовите или дворовите. Барем се трудиме да биде така, избегнуваме други луѓе и поголемиот дел од времето го поминуваме сами отколку со други.

Ниту една сфера од животот не изгледа идентично иста како што изгледаше пред 6 месеци.

На повеќето од нас нашите идентитети како човечки суштества значајно беа предизвикани од почетокот на Ковид-19

За некои, сето ова е болно бидејќи се обидуваат да продолжат да живеат како претходно. На пример, некои луѓе одбиваат да носат маска, да бидат социјално дистанцирани, ги игнорираат предупредувањата и расизмот, дури и на корпоративно ниво. Компаниите сè уште инсистираат на исти нивоа на продуктивност како пред пандемијата. Премногу е за овие поединци и компании да прифатат дека се поинакви, дека светот е поинаков од пред 6 месеци.

Зошто е така? Бидејќи човечкиот идентитет и целите (смислата) одат рака под рака. Прашањата за идентитетот водат до прашања за смислата, како што се „Зошто сум јас овде?“ „Која е смислата?“ и „Дали ова навистина е важно?“ Токму овде се случува егзистенцијална криза. Исто така овде се случува и развојот (растот).

Ако сме доволно храбри да се прашаме себеси дали овие идентитети навистина се суштински, можеби би се сретнале со други егзистенцијални стравови. (Полесно е да се дефинираат како егзистенцијални вистини).

Такви вистини се: безоснованост, нашата привременост (непостојаност), изолација и најпосле значењето. Честопати не сфаќаме дека нашиот живот ни припаѓа само нас додека нешто не го прекине автоматскиот процес. Фактички, честопати не забележуваме дека нашиот живот бил значаен додека не се променил.

Што кога треба да се размисли и за нови промени во идентитетот?

Кога нашето значење се предизвика често работиме уште повеќе и се обидуваме да го задржиме значењето што сме го имале наместо да бараме нови и креативни начини за развивање нови форми на значење и идентитет. Што ако ние како поединци и како колективно општество ги предизвикаме нашите идентитети и сме доволно храбри да се запрашаме себеси какви сценарија ни се дадени и кои идентитети сме подготвени да ги создадеме?

Можеме само да замислиме егзистенцијална отпорност (флексибилност) која би можела да ги осигура подобро отколку догматските реакции на бранење на претходните идентитети.

Дали јас уживам во она на коешто го трошам моето време? Дали постојат институции или начини на мислење коишто јас ригидно ги застапував во минатото? Дали постои очекување коешто го имав за себе кое повеќе не го посакувам? Дали има нешто поинакво што го сакам за себе и за мојата генерација? Дали моите врски се благопријатни и здрави за мене?

Дали верувам бидејќи ми беше кажано или ова е мое лично истражено верување? Дали јас сум под влијание на идеите од авторитет бидејќи тие се мои идеи за она што е добро или бидејќи авторитет ми рекол да верувам? Дали има нови информации што ги учам?

Ова е нашата шанса да се запрашуваме за сè, и тоа драги читатели е нешто добро.

Не се плашете себеси да си поставувате клучни и важни прашања. Дури и ако самите сте исплашени од одговорот. Ако не можете да најдете разумен одговор за некое прашање, трагајте по него. Вистината за вас, вашиот идентитет и вашиот приватен живот лежи во вас, вие ги имате одговорите што ви се потребни.

Прочитајте ги и советите за како да си помогнете со доживеаните емоционални промени при преселба.

Извор

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје