Роберт де Борон
Поетот од дванаесеттиот век Роберт де Борон ја додава приказната за мечот во каменот на легендата за Артур. Откако се роди Артур, Мерлин тајно го одвел да го одгледаат во замокот на Сер Ектор кој бил лојален сојузник на кралот. Таму, младиот принц беше воспитан како вонбрачно дете на сер Ектор, и никој, па дури ни самиот Ектор, не го знаеше вистинскиот идентитет на момчето. Но, Ектор имал и син, по име Сер Кеј. И бидејќи се сметало дека младиот Артур е вонбрачно дете, Сер Кеј и неговите пријатели го задевале и го исмевале, а неговите посвоени родители го гледале со потценување. Сиромашното момче порасналп во срам од неговото раѓање, никогаш не знаејќи дека потекнува од кралска лоза.
Само неколку месеци откако го избркал единствениот син, Утер Пендрагон се разболел и по кратко време починал. Без наследник да го води кралството, земјата западнала во очај. Ривалските војводи и господари се расправале околу тоа кој најдобро одговара да управува со Англија.
Мерлин го подигнал каменот
Среде немирите, благородниците го повикале Мерлин да најде решение. Откако видел дека бебето Артур е на безбедно, тој подигнал голем камен, на чиј врв седеше наковална, во дворот на црквата во Вестминстер, дел од Лондон. Заглавен во наковалната имало меч. На мечот стоел натпис:
„Кој ќе го извади овој меч од овој камен, е единствениот вистински мудар крал роден во Англија“.
Мечот е магичен објаснил Мерлин, и само тој што е способен да управува со Англија може да го извади од каменот. Благородниците од сите страни се обиделе да го извлечат мечот од каменот, но ниту најсилниот човек не можеше да ја исполни задачата. На крајот, мечот го заборавиле и Англија уште повеќе пропаднала во хаос.
Мерлин и Артур станале пријатели
Како што момчето Артур растеше, Мерлин му се претставил. Мерлин и момчето се среќавале откако тој ќе ги завршил работите за Сер Ектор и двајцата станале блиски пријатели. Мерлин го подучувал момчето по многу предмети, секогаш учејќи го дека знаењето е подобро од бруталната сила.
Зашто, иако Артур бил мало, слабникаво момче, едвај способно да изваде меч од корицата Мерлин во него гледал потенцијал да биде мудар и праведен владетел кој ќе ја обедини Велика Британија и ќе ја спаси од хаосот во кој паднала. И така, преку едукација и искуство, волшебникот му помогнал на младиот принц да го реализира својот целосен потенцијал: потенцијал на големина, потенцијал да владее со правда и сочувство со што Англија ќе стане најголемо некогаш познато кралство.
Артур го ослободил мечот и станал крал на Англија
Еден ден, кога Артур имал петнаесет години, Мерлин го донел пред мечот во каменот. Се насобрала толпа и чекала загрижено. Полу-братот на Артур, Сер Кеј, прв се обидел да го извади мечот, но тој не попуштил. Тогаш Артур се обидел. Мечот се ослободил. Толпата навивала, а Артур бил крунисан за крал на Англија.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.