Те чекав – Милена Милорадова

Те чекам и оваа ноќ,
но повторно те нема.

Сè се промени од таа вечер
кога за последен пат го
слушнав твојот глас,
кога за крај го почувствував  твојот мирис.

Замина без да се најавиш,
без да кажеш ниту збор.

Ги затвори вратите зад тебе,
и тивко замина…

Те чекав
со денови, месеци, години…

Те чекав…сè додека не сфатив
дека ме напушти засекогаш.

Продолжувам сама и горда.
Ти ме научи дека можам, морам и умеам така.

Остануваш мој вечен спомен.
Одам напред кон нови светлини.

Милена Милорадова

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?