Влада Урошевиќ македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.
Влада Урошевиќ е еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Покрај со пишување, Урошевиќ се занимавал и со преведување. Во продолжение ви претставуваме една песна од ризницата на неговото творештво.
Тајната на сонувачите
Сламки имаат в коса.
Низ огромните ноќи патуваат.
Една кутија со себе носат
и од секаков допир ја чуваат.
Кој е нивниот дом? И каде?
Нивната патека не е измината.
Молчат тие како земјотресот гладен
во срцето на планината.
Со тајната на кутијата
напразно сепак ќе се мачите.
Спијачите си спијат
сонуваат само сонувачите.
Прочитајте уште една песна од Влада Урошевиќ: Привремено засолниште.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.