Не оди си ти реков
Не оди си ми рече
Верувај дека љубовта е бескрај
Ти реков
Верувај дека љубовта е бескрај
Ми рече.
Нашите раце се спојуваат
Во бескрајна долина
Нашите коси ја испреплетуваат
Секоја боја на виножитото.
Денот е самрак.
Виножитото се сомрачува
Златната боја се прелева
Во сонцето кое заоѓа.
Нашата љубов
Потонува во бескрај.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.