Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Негде, случајно – Виктор Кадинец

Талкаме со мислите. Животариме

како жито неполеано.

Заруменуваме во сопствените желби.

Како колкови ставени во клокот од

недосекнат извор на вода се лажиме

дека судбината си поигрува со нас.

Го стискаме јадежот во небитието,

на нашата појава.

А сами си се лажиме.

Одиме, па се враќаме, во играта со зборови.

Се трудиме да се најдеме, таму негде

меѓу тромеѓето на нашите идеали,

судбини и скриените желби.

Не веруваме во добрините зошто сме

ги разгориле мразовите, па се топиме

во сржта на музиката,

си ги забораваме нотите и

композицијата не ни штима,

па бегаме во далечината на

неверието, потонуваме во

проклетието.

Талкаме со мислите.

Рутината не старее,

не бледее како стара хартија,

па и ракописот не ќе си го разбериме,

бидејќи очите ни ослепеа од перото на мразот.

Како харфи со не затегнати жици,

го свириме маршот на глупоста.

Се затворивме во најстрашната зандана,

нашата душа, па и клучот го

поголнавме таму негде меѓу аморот и заморот.

Си викаме како времето да го сликаме,

па спикавме пикавци од стравови,

во пепеларата на надежта и сликите,

несликани не ги дочекавме,

со лажни мисли летавме.

Талкаме со мислите.

Ранобудно си се галиме со првата мисла,

па втората не гони, не рони,

како третата и подобра да не ќе биде.

Се ужасуваме, од приказните чудни.

И подобри не смееме да бидеме.

Забораваме да љубиме и се губиме.

Си се заебаваме, не се залагаме и

угоре облаците си ги сликаме,

сосила во рајот се пикаме.

Се движиме во својата рутина и

надежите ни умираат како порој

на лажни пророци.

А јас најдостоен меѓу недостојните,

ни глас не можам да ти слушнам.

Како кореографија на мудрости,

чекаме да се сретнеме.

Негде, случајно.

Виктор Кадинец

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје