Skip to content

Есенски плодови – Ненад Џамбазов

Грозје, круши, ореви

и јаболка зрели,

плодородна есен

на дечиња дели.

 

Од дуњи и мушмули,

калинки и исливи,

натежнале гранките

во родните ниви.

 

Од есенските плодови

вкусен сок се прави,

за да бидат децата

весели и здрави.

Напишете коментар