Skip to content

Исланд

  • by

Голема е твојата енергија

Вжарени се твоите карпи

А  ти израсна од лед и пепел

За да ја добиеш твојата слобода

Со помош на морињата

Кои се твое прибежиште

Од ладните води

И од круната на твоите жени

Тече оган

Толку си таинствен

Што не прилега на твојата женственост

И под твојот лед никогаш

Немало ладнокрвност.

Толку си немирен

А сепак смирен

И гордо ги набљудуваш лудостите

На светот од северниот пиедистал

Доволен за себе

Зошто лудите мориња се

Твојата мајка

Која те чува и

Од најлошите сеништа од минатото.

Тие те носат во светла иднина.

Напишете коментар