Литература Мисли и цитати

10 мисли за болката кои ќе ве натераат да размислите за истата и да ја видите од поинаков агол

Сите понекогаш се плашиме од болката и соочувањето со истата. Но и сите размислуваме како да се избориме со неа, како до подобро утре.

Бидејќи кога срцето е скршено, дефинитивно тежи повеќе на човекот.

Единствениот лек за помалку да боли, е болката да се прифати, да се седне и да се поразговара со неа.

Ви претставуваме 10 прекрасни мисли за болката кои ќе ве натераат да размислите.

,,Сите мора да страдаме од една од двете болки: болка од дисциплината или болка од жалењето. Разликата е во тоа што дисциплината тежи помалку, неколку грама, додека жалењето тежи тони на душата.”

,,Без болка, немаше да има страдања, без страдања никогаш нема да учиме од нашите грешки. Болката и страдањето се клучот за сите врати, без нив, нема начин на живот.”

,,Болката е привремена. Може да трае една минута или еден час или еден ден или една година, но на крајот ќе се смири и нешто друго ќе го заземе нејзиното место. Сепак, ако се откажеме, тоа трае вечно.”

,,Ако не живеете во моментот, или со нетрпение ја чекате иднината или се враќате на болката и жалењето од минатото.”

,,Бог ни даде болка за да нè потсети дека сме живи, бидејќи само така ќе научиме да ги цениме радостите и убавината на светот.”

,,Болката е единственото зло за кое знаеме и против кое свесно се бориме.”

,,Кој може да се сети на болката, откако ќе заврши? Останува само сенка, дури и во умот, во телото. Ве мачи нејзината сенка, бо таа е веќе премногу длабока за да ја видите.”

,,Болката може да се контролира, само исклучета ја нејзината поврзаност со вас и фоскусирајте се на убавите нешта на работите. Рамисилете. Денеска ретко луѓето размислуваат.”

,,Седнете со болката додека не помине, и ќе бидете помирни за следната.”

,,Болката ме тера да растам. Растењето е она што го сакам. Затоа, за мене болката е задоволство.”

Велат дека болката и надежта понекогаш одат заедно. Прочитајте ги и овие моќни мисли за надежта!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје