Душа, тело, ум Психолошко катче Совети

7 важни прашања што треба да си ги поставите кога сте пред клучни одлуки

Некому треба повеќе време за да открие која му е целта во животот. Сите што трагаат по исполнетост, треба да ги одговорат прашањата кои ќе им дадат јасна слика за што понатаму.

Прочитајте ги во продолжение седумте главни прашања.

Кои работи ги правите со најголемо задоволство?

Првиот чекор за исполнет живот е да размислите за нештата кои ви причинуваат најголеми задоволство. Што сакате? Што ве исполнува? Која работа не ви претставува напор? Можеби уживате во пишување, да работите со животни или уживате во фотогорафија. Поентата е да откриете во што уживајте и да го правите тоа почесто.

Кои се вашите најголеми достигнувања во животот досега?

Размислете за вашите минати искуства и за она на што сте најгорди. Колку ве прават среќни тие ваши достигнувања? Зошто тогаш не се обидете повторно да ги испробате? Ако сте истрчале маратон еднаш и сте задоволни од тоа чувство, почнете да се подготвувате за друг. Правете ги нештата што ве исполнуваат.

Што би правел ако живеам вечно?

Еве добра вежба: размислете што би правеле кога не би постоеле никакви граници. Да ги имате сите пари и цело време на светот каде би оделе? Што би правеле? Со кого би го помунале времето? Овие одговори ќе ви помогнат да откриете што сакате во животот.

Тоа не значи дека вам ви се потрбени милиони за да бидете среќн и. Но значи дека вам ваквите прашања можат да ви помогнат да си поставите цел и брзо да ја остварите.

Кои се моите цели во животот?

Целите се неопходен дел кој морате да го поставите за да бидете задоволни во иднина и да бидете успешни.  Важно е да одговорите на овие прашања: „Кои се вашите вели кога е во прашање здравјето?“, „Кои се вашите цели кога е во прашање кариерата?“, Кои се вашите цели кога е во прашање семејството?“. Еднаш кога ќе ги имате одговорите ќе имате појасна идеја за тоа што би правеле во својот живот.

Кому се воодушевувате најмногу?

Ако го пратите патот на успешните луѓе или барем се инспирирате од нивниот животен пат и вие можете да бидете успешни. Размислете на сите луѓе на кои најмногу им се воодушевувате.  Кои се нивните најдобри квалитети? Зошто ги почитувате? Што од нив можете да научите? Многу е важно со кои луѓе најмногу поминувате време.

Затоа не го трошете вашето време со луѓе кои ве влечат кон дното.

Што не сакате да работите?

Важен дел од откривањето што сакате да работите во својот живот е откривање што не сакате да правите. Кои работи ги мразите? Што мразите кај својата работа? Ако сакате да промените нешто ќе мора да работите на тоа.

Колку сте подготовени да работите за да го добиете она што го сакате?

Големите успеси никогаш не доаѓат лесно. Ако сакате да постгинете голем успех мора да се вложите и да се потрудите.   Ништо не доаѓа преку ноќ, ниту победите, ниту поразите.

Прочитајте ги и следниве отровни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје