Колумни Литература На пауза со моите монолози

Следете ги вашите цели и не се откажувајте од нивно остварување

Здраво драги читатели. Ова не е обичен текст што може да го сретнете секаде во онлајн просторот. После одреден период повторно колумна во категоријта „На пауза со моите монолози“. Сакам да ви кажам дека штом го читате ова вие имате поголеми интересирања во животот. Убедена сум дека вас не ве интересираат трач муабети и шоу-биз информации туку сакате квалитетно да го поминувате времето пред вашите екрани.

Сега ќе се обратам во еднина. Можеби си одлучил дека сакаш промена во живтот, или пак се наоѓаш пред важна раскрсница. Можно е и да треба да донесеш важна одлука, но не знаеш од каде да почнеш. Ние го немаме магичното решение ниту одговорот на тие прашања. Ниту пак можеме да донесеме одлука во туѓо име. Но она што со сигурност го можеме е да ве поттикнеме, да ви дадеме поддршка и да направиме мала (но значителна разлика) во вашиот онлајн простор.

Вашето време што го поминувате во нашата онлајн “заедница“ и фактот дека одвојувате од драгоцените минути читајќи ги содржините нас ни значи, и не го потценуваме тоа. Сакаме секој љубител на пишаниот збор да си го пронајде местото во нашето „крајбрежје“. И со секоја посета да биде инспириран, мотивиран и да не чувствува дека залудно го потрошил времето на нашиот блог.

Редовното објавување на содржини ни претставува задоволство, а и веќе е дел од нашето секојдневие. На вас оставаме да процените дали вреди да се задржите подолго од една минута кај нас. Што сакам со ова да кажам? Како што напишав на почеток, ова ни најмалку не е статија, текст или напис кој може да се прочита на секој втор портал или блог. Дополнително на ова, би рекла дека голема е одговорноста да се одберат содржини кои истовремено ќе се квалитетни, но и ќе вредат за вашето внимание.

Што се случуваше изминативе години?

Од мал блог со триста следбеници и минимале број читатели прераснавме во заедница, едно големо семејство со речиси три илјади следачи и дупло посетители. Овие бројки не се исклучително големи, но никогаш читателите не ги гледаме како броеви. Токму поради ова секој еден читател ни е особено важен. Фактот дека секојдневно и ненаметливо стануваме дел од вашето секојдневие ни е особено драг. Ниеден број не ни значи толку многу колку фидбекот што го добиваме од задоволни следбеници. Истовремено ни е предизвик да презентираме квалитетни, занимливи и едукативни содржини.

Кога стигнавте со читањето до овде, знајте дека ние сме тука да внесеме позитивна промена во онлајн блогосферата. Го земаме во предвид целокупното функционирање на луѓето и сакаме да бидеме нечија “светла точка во мракот“. Ако во текот на денот сме успеале да мотивираме барем еден читател, ако сме успеале барем еден од вас да насмееме или инспирираме, нашата мисија се исполнува.

Насловот на текстот :„ Следете ги вашите цели и не се откажувајте од нивно остварување“ нека биде еден потсетник дека можете да постигнете сѐ што ќе посакате ако сте доволно упорни. Чекорите кон исполнување на вашата цел мора да ги дефинирате сами, и со дисциплина да ги остварувате секојдневно.

Текстов настана сосема спонтано, а може звучи и неповрзано тематски, но сигурна сум дека поентата ќе му ја разберете. Впрочем, вие сте тие што на темите им пристапувате длабински и сакате сами да донесувате заклучоци.

Ќе го завршам овде обраќањево, во надеж дека најдовте поента на прочитаното. До следно читање, останете ми со добро здравје!

Прочитајте ја и оваа колумна.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје