Синоќа во САД беа доделени наградите „Еми 2020“, што се опишуваат како „телевизиски оскари“.
72-та церемонија на доделувањето на наградите „Еми“ поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржа онлајн.
Без присуство на актерите кандидати и публика во театарот „Стејплс центар“ во Лос Анџелес по пат на видеоконференција.
Интересно е што во категоријата за главна женска улога во категорија драма „Еми“ наградата за 2020-та година ја доби најмладата од номинирате.
Зендаја којашто се појавува како главен лик во тинејџерската серија „Еуфорија“ што се емитуваше на HBO се запиша во историјата како најмлада добитничка на оваа награда. Воедно таа е втора афроамериканка која некогаш освоила главна награда за улога во драма.
Пред неа ова го достигна Виола Дејвис за улогата во серијата „Како да се извлечеш од убиство“.
Зендаја со наградата на официјалниот инстаграм профил
View this post on Instagram
Во категоријата „Најдобра комедија“ наградата ја освои серијата „Шитс крик“ („Schitt’s Creek“), која освои вкупно 7 награди во различни категории. Серијата „Чувари“ („Watchmen“) е добитник на наградата „Најдобра минисерија“.
Дел од доделените „Еми“ награди за 2020
– Најдобра драма: „Наследници“ („Succession“)
– Најдобра комедија: „Шитс крик“ („Schitt’s Creek“)
– Најдобар актер, (драма): Џереми Стронг, „Наследници“ („Succession“)
– Најдобра актерка, (драма): Зендеја, „Еуфорија“ („Euphoria“)
– Најдобра актерка, (комедија): Кетрин О’Хара, „Шитс крик“ („Schitt’s Creek“)
– Најдобра машка споредна улога, (драма): Били Крудап, „Утринско шоу“ („The Morning Show“)
– Најдобра женска споредна улога, (драма): Џулија Гарнер, „Озарк“ („Ozark“)
Погледнете го и видеото од прогласувањето на победникот и нејзиниот еуфоричен говор.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.