Skip to content

Верувај ѝ на љубовта – Рабиндранат Тагоре

  • by

Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861- 7 август 1941), наречен Гурудев, е Бенгалски поет, новелист, музичар, сликар и драмски писател кој имал големо влијание врз Бенгалската литература и музика. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за книжевност за делото ‘Гитанџали’. Тој бил духовен поет кој рано се прославил на Западот но неговата ‘едноставна но магична поезија сѐ уште останува неразбрана надвор од границите на Бенгал.

Да веруваме во љубовта иако ни задава болка, како што вели оваа прекрасна, едноставна и идилична песна на овој прекрасен поет.

Верувај ѝ на љубовта

 

„Верувај ѝ на љубовта и кога задава болка. Не затворај го своето срце“.

„Ах, пријателу, тешки се твоите зборови, не можам да ги разберам“ .

„О, мила моја, срцето постои само за да се дарува –

со една солза, со една песна“.

„Ах, пријателу, тешки се твоите зборови,

не можам да ги разберам “.

„Радоста е непостојана како капка роса – додека се смее, веќе почнала да умира. Но болката е силна и издржлива. Пушти ја љубовта полна со болка нека блесне во твоите очи“.

„Ах, пријателу, тешки се твоите зборови, не можам да ги разберам“  .

„Цветот на лотосот гледа во сонцето губејќи се што има. Не можам да ги понесам неговите пупки во вечната зимска магла“.

„Ах, пријателу, тешки се твоите зборови, не можам да ги разберам“  .

Напишете коментар