Мотивација Психолошко катче

Некои работи во животот не ја заслужуваат твојата реакција – тоа е клучот за мир во душата

Денес ќе се потсетиме на она што е важно во нашиот живот.
Важно е како зрачиме, дали сме позитивни и како гледаме на работите. Сето тоа има голем вредност која ние ја наплажаме со душа, солзи, срце. Затоа треба многу да внимаваме во животот.

Да не реагираш на сè, е клучот за мит во животот

Прочитајте го краткиот текст кој авторката Стефани Ридс го посветува на себеси.

Ми требаше цел живот за да дојдам овде. Во текот на моето патување, изгубив многу делови од себе.
На моменти, дури чувствував како да почнував да се губам себеси. Беше тешко.
Беше прилично проклето интензивно, да бидам тивка и искрена.
Но, сега со задоволство можам да кажам дека по долго паѓање, станување и учење во тој процес, го сфатив тоа. И ова е мојот надежен обид да започнам да ја враќам целата своја моќ, целата радост, достоинство, самодоверба и мир што ги изгубив сите овие години.

Ова сум јас која се збогувам со оној стар човек, кој очајно сакаше да ме слушне. Таа стара, бунтовна јас, што сакаше да им го покаже на луѓето негјзиниот глас, моќ и сила. Но, наместо тоа, потрошив скапоцени години обидувајќи се да се докажам пред општеството попусто. Сè е енергија. Сè тече, вибрира, одекнува. Сè околу нас е живо.  И, вистина е, она што зрачите, истото тоа и го привлекувате. И она што го привлекувате, на крајот станувате.

Повеќе нема да ја трошам мојата скапоцена енергија одговарајќи на негативност. Одбивам да дозволам околината да ја исцрпи мојата позитивност. Наместо да се обидувам да освојувам аргументи и да им се докажувам на луѓето, сега решам да се оддалечам.

Да си одам со крената глава и да се фокусирам на мене. За грижа за себе, саморазвој, самоприфаќање, самоконтрола, самољубие.
Ова е нешто што отсекогаш требаше да го направам за себе, затоа еве ме, конечно го правам тоа.

Не секој заслужува љубов. И не секој го заслужува моето внимание или мојот гнев.
Значи, јас конечно избрав да се грижам за себе. Да го оддалечам и да го заштитам целото мое битие од секој што сака да ми нанесе зло.

Во ред е да почнете одново кога внатрешниот глас ви вели дека нешто не е како што треба.

Се надеваме дека овој нејзин текст ќе ве инспирира и мотивира!

Прочитајте уште што вели Стефани Ридс за споредбата со други луѓе на социјалните мрежи.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје