Сè ќе си дојде на свое место
Понекогаш, кога најмалку очекувате, сите парчиња од сложувалката што недостасуваат ќе дојдат на свое место. Без напор
Најдоброто нешто што треба да направите е да почекате, да подзабавите и добро да го искористите времето. Подобро одвојте време да откриете што е тоа што навистина го сакате пред да изгубите сè друго обидувајќи се да бркате цели наметнати од општеството.
Цели кои не се нужно ваши. Време, кое не е нужно ваше, а сепак го бркате за да се вклопите
Заради усогласување со очекувањата и стандардите на другите луѓе не треба да го жртвувате исполнувањето на целите.
Живејте го животот како што сакате да го живеете и во случај сè уште да не сте ги исполниле сите ваши соништа, немојте тоа да ве вознемирува.
Вие не заостанувате. Сите одиме по различен пат и нашите животни настани не можат да се синхронизираат. Мислам, само затоа што секој ваш пријател е во врска или е во брак или има деца, не значи дека треба да брзате да ги правите и тие работи.