Охрид како славјанско светилиште е инспирација за големиот поет Рајко Жинзифов. Уживајте во овие прекрасни стихови, и сигурни сме дека и вие ќе добиете инспирација да напишете песна за нашиот Ерусалим.
Охрид
Ја в полношт мрачна, беззвездна,
Боже, на високо место,
С сâлзи во очи, с душа жедна
За Охрид ја мислех често.
За Охрид, столица духовна,
За тепла вера тогашна,
Как с народна дума, безрешна,
Климент славјанска молитва,
Божјо предаваше слово,
Во Охрид, во стара црква
Сос облекло Кирилово.
Как на свој јазик народен
Проповедал кротко, мило,
Дух на љубов, дух свободен,
Он кадејќи сос кадило.
Он в црква с љубов, с смирење
Он свое словесно стадо
Сос Кирилово учење
Напојувал старо, младо.
И как народ грмогласно
В стара црква охридска
Произнесеше согласно
Он молитва си славјанска.
И сега, о боже, често
Сос очи влажни, сâлзливи
От това високо место
Праштам ти тепли молитви
Пастир прати им духовен
Да пасит славјанско стадо,
С дух народен, дух свободен
Да утешит старо, младо.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.