Skip to content

Очи

  • by

Живееме во математички свет,

Но ништо не  е рамно на љубовта,

Таа е рамна на нашата бесконечност.

Не можеме да сфатиме

Допирот не е равенка која може да се реши

Погледот не е линија која може да се измери

Зборот не е интеграл кој треба да се изведи

Соединувањето не е збир на две бројки

Туку на две души

Подавањето на рака

Не е одземање на слобода

Туку давање на љубов.

Во љубовта нема теореми за докажување

Таа е доказ дека можеме да победиме сѐ

Ако ја имаме во нашите срца

Без да ја измериме,

Без да ја ставиме на вага

Нашата предаденост кон другиот

Доволно е само да погледнеме нечии очи

И таму го имаме целиот свет

Целиот универзум

Кој не се мери

Само се чувствува со срцето.

Напишете коментар