Е… чучулигу едни,
на тема ве тема кај будите и соните,
ко ококорени излеговте од машината на Балтазар,
па се затрчавте да ме бркате.
А јас до половина гол, кај да одам,
кога и месечината плима ми стана…
Абе не дека јас нема кај да одам,
ќе скршнам на уличето без нумерација,
контрадикторно ќе реагирам,
оп, цуп, тука ќе сум.
Туку те гледам тебе, така рака на срце,
со тоа насмевката па ми иди да ти вриснам
-Еј, будало, те видов во наше маало.
Абе да те сопрев само, да ти речев
-Абе, кај си чоек, шо навака.
Па ми текна да го прошетам кучето,
му се мочаше, корнеше, тука покрај бандерата
кај што помина ти…ама манга на друга бандера појде…
е*ати кучето, кога немаш една бандера за стално…
И не остана друга опција,
мораше да се направи нешто радикално,
оти те сакав за стално.
Па зедов два, три спреја во боја,
па ме фати смеа и најдов едно ѕидче нацртав сонце,
а до него јас и ти на Ибица,
па ти пица, јас сокче…и те гушнав ко питон,
целиот замоткан околу тебе… а ти ми викаш – Кој те е*е.
Абе, ало, ти будало.
Виктор Кадинец