Фридрих Ниче се смета за многу влијателен германски филозоф, критичар, поет, филолог и есеист. Пишувал за религијата, моралот, доброто и злото, културата, филозофијата и науката. Бил најпровокативен мислител од 19-ти век. Некои од неговите најпознати дела се: „Отаде доброто и злото“, „Така зборуваше Заратруста“, „Човечко, премногу човечко“, „Зора“, „Случајот Вагнер“, „Антихрист“ и други.
Тој бил роден на денешен ден, па во негова чест ги споделуваме неговите најпознати цитати.
1. „Она што не нè убива тоа нè зајакнува“.
2. „Оној кој има “зошто” да живее, може да ги поднесе речиси сите “како”“.
3. „Вистинската љубов размислува за мигот и за вечноста, но никогаш за траењето“.
4. „Големи епохи од нашиот живот се оние кога се осудуваме да го прекрстиме своето зло во она што е најдобро во нас“.
5. „Уметноста без љубов е ништо“.
6. „Несреќните бракови настануваат не поради недостаток на љубов туку поради недостаток на пријателство“.
7. „Човек го прават несреќен или среќен само неговите мисли, а не надворешните околности“.
8. „Најтивките реки донесуваат бура. Мислите кои доаѓаат со нечуен чекор управуваат со светот“.
9. „Жената е загатка чиешто решение е дете“.
10. „Нашите маани се нашиот најдобар учител“.
11. „Дојдов да ви помогнам, а вие се жалите дека не сакам со вас да плачам“.
12. „Во омразата е стравот“.
13. „Не им верувај на оние кои многу зборуваат за својата праведност“.
14. „Егоизмот е сржта на благородните луѓе“.
15. „Најцврсто сме поврзани со невидливи ниши“.
16. „Страшно е на море да се умре од жед. Зарем морате и вие својата вистина така да ја засолите што нејзе повеќе ниту жед нема да ја угаси“.
17. „Полесно е од некои страсти сосема да се одрекне отколку во нив да се биде умерен“.
18. „Секој поседува точно онолку суета колку што му недостига разум“.
19. „Ако човек секој ден стои на раб и гледа во провалија, еден ден и провалијата ќе почне да гледа во него“.
20. „Кога ќе го цените она што го имате и кога нема да живеете во потрага кон идеали, тогаш ќе бидете навистина среќни“.
21. „Постојат два вида на осаменост. Едното е бегство на болните, а другото бегство од болните“.
22. „Најблиската личност е онаа која го знае твоето минато, верува во твојата иднина, а во сегашноста те прифаќа каков си“.
23. „Она што се прави за љубовта се одвива надвор од доменот на доброто и злото“.
24. „Колку повеќе ги раширувате рацете, толку полесно ќе ве распнат“.
25. „Нема убава површина без застрашувачка длабочина“.
Прочитајте ги и цитатите од Марина Цветаева за животот, љубовта, сонот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.