Низ многу цивилизациски периоди слободата била различно дефинирана. Право на слобода секогаш немале сите, а статус на слободен односно неслободен човек не можел да се бира туку бил даден по раѓањето. Со текот на времето сфаќањето за слободата се променило, а сега таа една од гаранциите на современите општества. Слободата не е безусловна, ние сме слободни сè додека не прекршиме некој од законите на општеството и државата во која живееме.
Слободата се изразува со слобода на говор, избор, слободни мисли и движење, а кога тоа ни е одземено, дури тогаш сфаќаме колку е таа драгоцена.
Прочитајте што имале да кажат за неа големите умови, научници и уметници низ историјата.
„Тајната на слободата лежи во храброста“. – Перикле
„Верувам дека секој има право да живее како што сака, сè додека не ги повредува другите“. – Џо Намат
„Подобро да се умре борејќи се за слобода отколку да се робува цел живот“. – Боб Марли
„Никаде не постои едноставен пат до слободата, и многумина од нас мораат да пројдат повеќе пати низ долината на смртта за да го достигнат врвот на нашите желби“. – Нелсон Мендела
„Парите нема да створат успех туку создавањето слобода“. – Нелсон Мендела
„Не сум јас ослободител. Ослободители не постојат. Луѓето самите се ослободуваат“. – Че Гевара
„Слободата не е ништо друго туку шанса да бидеш подобар“. – Албер Ками
„Од слободниот човек не можеш да направиш роб бидејќи слободниот човек е слободен и во затвор“. – Платон
„Човекот станува слободен со својата одлука, отпор и неприфаќање“. – Меша Селимовиќ
„Парите коишто човекот ги има се оружје за слободата. Парите за кои човекот трча се оружје за робија“. – Жан Жак Русо
„Слободата е можност за живеење по желба“. – Цицерон
„Сите им се покоруваме на законите за да бидеме слободни“. – Цицерон
„Слободата не е вредна ако не вклучува и слобода да се греши“. – Махатма Ганди
„Тајната на среќата е слободата. А тајната на слободата е храброста“. – Тукидид
„На човекот сè може да му се одземе освен последното од човечката слобода – право на избор во ставот и во било какви дадени околности, право на избор на сопствениот пат“. – Виктор Франкл
„Оној кој преовладува со свои стравови ќе биде вистински слободен“. – Аристотел
„Слободата на човекот не е во тоа да може да го прави она што сака туку во тоа да не мора да го прави она што не го сака“. – Жан Жак Русо
„Мене ми е подрага опасната слобода отколку мирното и сигурното ропство“. – Жан Жак Русо
„Слободни сте ако совеста ви е чиста“. – Гете
„Не е доволно само да се живее! – рекла пеперутката. Потребно е да се има малку сонце, малку слобода и малку цвеќе! – Ханс Кристијан Андересен
„Ако слободата нешто значи тогаш значи право на луѓето да им се каже она што не сакаат да го чујат“. – Џорџ Орвел
Прочитајте ги и следниве мисли за човекот и љубовта од Рабиндранат Тагоре.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.