Што знаеме за моќниот инструмент наречен гитара? Дали некогаш сте свиреле? Ако не вие, тогаш сигурно познавате некој што знае да свири. Гитарата е многу популарна помеѓу младите, па и помеѓу повозрасните. Отсекогаш биле интереснии собирите во кои главниот “виновник“ за подигање на забавата и атмосферата била токму гитарата.
Прочитајте ги во продолжение фактите за гитарата и за славните музичари кои го свиреле овој инструмент.
1. Првите прототипови на гитара се познати уште од вториот милениум пред новата ера.
2. Се смета дека гитарата потекнува од Блискиот исток (Персија). Зборот гитара потекнува од Персија. “Гит“ значи музика, а “тар“ значи жива.
3. Гитарата станала популарна во 14 век кога стигнала до Шпанија. Композициите на гитара ги пишувале Гарсија, Шуберт, Паганини итн. Сега гитарата најмногу се користи во рок и метал музиката.
4. Најскапата гитара на светот е Фендер стратокастер потпишана од страна на 19 светски познати гитаристи и продадена е на добротворна аукција за 2.8 милиони долари.
5. Фендер стратокастер е модел на електрична гитара често нарекувана „Страт“. Дизајнирана е од Лео Фендер, Џорџ Фулертон и Фреди Таварес во 1954 година.
6. На самиот почеток жиците за гитарата традиционално се изработувале од животински црева, а овие од поновото време од најлон и челик.
Занимливи факти за гитарата и музиката
7. Првите електрични гитари ги создале Џорџ Бошамп и Адолф Рајкенбекерум во 1931 година. Имала метална кутија.
8. Најголемата оперативна електрична гитара на светот е со должина од 13 метри и 26 сантиметри. Направена е во Хјустон во 2001 г. И тешка е 1023 кг.
9. Најмалата гитарата на светот е 10 микометри долга, со жици од 50 нанометри (100 атоми) во ширина.
10. Првата дрвена електрична гитара ја направиле Лео Фендер и Лес Пол од 1950 година, независно еден од друг.
Помалку познати факти од светот на музиката
11. Во Финска постои натпревар кој традиционално се одржува секоја година помеѓу мајстори на измислени гитари. Имено, овие “музичари“ свират на невидливи гитари.
12. Фендер стратокастер е врежан на надгробниот споменик од Џими Хендрикс.
13. Франц Шуберт ја компонирал својата музика на гитата која висела на кука над неговиот кревет, бидејќи не можел да си приушти клавир.
14. Во 1950 година, Лео Фендер смислил тест за сила и издржливот на вратот на гитара така што гитарата ја поставувал помеѓу две столици и стоел на нив.
Најневеројатни музички рекорди
15. Лес Пол доживеал сообраќајна незгода во 1948г и го замолил докторот трајно да му ја постави раката во позиција за свирење гитара.
16. Епифон првично била грчка компанија за виолина. Тие произведувале бенџо од 1923 г., но во 1930 г. почнале со гитари.
17. Компанијата Фендер прави околу 90 илјади жици дневно. Тоа е по веќе од 20 милји годишно, доволно да ја обвијат земјата. Таму се произведуваат околу 950 вратови за гитари во еден ден.
Прочитајте ги и интерерсните факти за старогрчкиот театар!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.