Животот е убав, навистина животот е убав. Секој ден е еден скапоцен камен чија вредност е незаменлива. Секој од нас понекогаш некол: “Не можам веќе, не јас не сакам да живеам”. Се лажете и вие, ама и јас се лажев. Вистинската вредност на животот се гледа кога некој ќе ја изгуби битката со животот. Па некој веќе не го гледа Сонцето, некој веќе не живее, не се смее! Постојано зборуваме за желбите јас сакам ова, а јас она.
Се мислите каде да го поминете 8-ми март? Јас познавам луѓе кои немаат мајка за да ја прегрнат.
Боли животот, да боли и тоа како и мене толку многу ме заболе и толку многу ми зема. После секоја болка треба да бидеме уште посилни, затоа што животот е убав, но и единствен. Тој е како филм, без реприза. Се надевам дека ќе успеам да бидам добра личност во очите на другите луѓе, барем малку да можам да ги олеснам нивните маки. Насмевката можеби за нас е нешто не толку посебно, но за некој друг тоа може е единствената надеж за подобро и посреќно утре!
Габриела Стоимановска