Леле ѕвездо, небо сино,
в раце ѕвездо, црно вино,
в глава ѕвездо, мисла празна,
за поетот горка казна.
Казна ѕвездо сон си сонив,
болка силна, солзи сронив,
тивко в ноќта в перник липав,
тебе ѕвездо јас те викав.
В сонот ѕвездо, вечен ден,
мракот ѕвездо, изгубен,
утот ѕвездо, вечно молчи,
денот трае триста ноќи.
В сонот ѕвездо, мир си немам,
в сон ѕвездо, небо гледам,
небо ѕвездо, жално жали,
небо ѕвездо, земја калли.
А тебе ѕвездо, ми те нема,
тебе ѕвездо, ден те зема,
ден ми мене пружи страв,
штом од тебе стори прав.
Нема веќе ноќни птици,
нема веќе волјчи крици,
нема веќе ноќна белина,
душа пече жална светлина.
Златна ѕвездо ти што сјаеш,
мои тајни ти што знаеш,
исправи ти краци сал,
направи ти мрачен бал.
Избави ме од сонов клет,
да видам смирен ноќен свет,
да видам месец ѕвездо, сјаен,
да видам мракот ѕвездо, баен,
да чујам ѕвездо, штурци в песна,
да смирам ѕвездо, душа бесна.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.