Дали си плод на гордиот петел?
Или си плод на Божествена милост
О, ти црквено најстара ќерко,
Обединета под Карловиот жезол
Татко на Европа што стана
Ти што побожност налеваше сегде
И во топлиот Левант донесе надеж
Ти што тајната на масоните ја најде
Изгради нормански кули
И твоите украсни фасади станаа прототип
За готски катедрали
Твоите ренесанси дворци
Ги криеја и тајните на Да Винчи,
А Кралот СонцеМоли
Стана моќен како свет извор
Кој своите непријатели бешумно
Ги турка во подземни води
Како што Босуе рекол
Кралот е личност света
Да се плашиме од Бога
Но и да го сочуваме кралот
Од секаква мета.
Молиер го откри вкусот
На разумот кој сака да се смешка
И кој не сака присилба тешка.
На оној кој суптилно сака да се потсмева
На благородната извештаченост
На рафинираните кокети да се исмева.
Ти насекаде бараше изедначеност
И стана светилка на светот
Која кринот бел го замена
Со триколорот
Слобода, еднаквост, братство
Го развиори твојот златен оган
На Роландовиот бајрак
На знамето на Девицата Орлеанска
Која успеа да те ослободи
Од англиската круна.
Не успеа калвинизмот да влезе
Во твоето срце
Остана верна на католицизмот.
Револуцијата е твојата крв свежа
Со неа успеа да ја поместиш и
Земјината тежа
Со Мајката Божја
Зачната без грев
Успеа да го спасиш
Целиот свет
Со малечката Бернадета
Ти имаш мисија света
Ти од каде целата култура
Цвета
Мајко на поезијата
И на уметноста
Светла
Го просветлуваш светот
Со твоите идеи
Радоначалник на
Права и вредности
Кои ќе останат засекогаш
Пат кон сите извонредности,
Вонредности
И уредности.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.