Skip to content

Денес во парискиот Пантеон влегува Морис Женевуа, симболот на Првата Светска Војна

Францускиот писател Морис Женевуа (1890-1980), кој го овековечи споменот на војниците од Првата Светска Војна во збирката раскази „Ceux de 14“, денес, на 11 ноевмри 2020 година,  влегува во Пантеон, на стогодишнината од поставувањето на гробот на незнајниот војник под Триумфалната капија во Париз.

Кој е Морис Женевуа?

Ја добил престижната награда Гонкур за неговиот роман „Raboliot“ во 1925  година. Бил секретар на Француската академија во период од петнаесет години (од 1958 до 1973 година) и бил еден од водечките француски книжевници во текот на 20 век. Женевуа напишал пет мемоари за време додека бил војник на фронтот, доживувајќи ги ужасите во рововите, кои подоцна ги собра во една книга со наслов „Ceux de 14“. Делото многумина го сметаат за  најголемо книжевно дело кое било напишано на француски јазик за време на војната 1914-18, каде има сурови сцени од воените полиња.

Морис Женевуа, симбол на Првата Светска Војна

Во август 1914 година, на општата мобилизација, Морис Женевуа е мобилиризиран како поручник во 106-от пешадиски полк. На 25 април 1915 година, промовиран е во командант, тој бил ранет во Епарњ село во областа Меуз, каде починале 12.000 војници за време од четири месеци. Морис Женевуа, му го должи животот на своите соборници кои го носат на грб, ранет до едно засолниште. Со 70% инвалидност, лишен од употреба на левата рака, целиот живот е прогонуван од сцените во рововите и битките каде бил ранет.

Во рововите се раѓа неговата професија на книжевник

За време на неговата хоспитализација, која ќе трае седум месеци, овој млад човек на 24 години почнува да пишува, да пишува белешки и да црта цртежи, затоа што бил исто така и добар сликар. Одлучен да сведочи за ужасите што ги доживеале тој и неговите другари во рововите, тој станува гласот на Големата војна.

„Она што го направивме, е многу повеќе од она што може да го побарате од луѓето и ние го сторивме тоа “, напиша тој во ова сведоштво.

Писател, кој пишува животни, тој се смета за „прв од француските екологисти“

Автор на низа раскази за животни од 1968 до 1971 година,  1969 година, тој го објави делото Tendre bestiaire, во кој им оддаде почит на „толку многу суштества на кои наидов во мојот живот“, мислејќи на животните.

Академик, Морис Женевуа го бранеше францускиот јазик и народниот говор

Избран во 1946 година за Француска академија во претседателското место на Жозеф де Пескиду, тој стана нејзин секретар во 1958 година.  Помошен член на Речникот на комисијата за француски јазик, овој надарен раскажувач ги брка англицизмите од научната литература, учествува во бројни телевизиски програми и оживува цел запоставен народен вокабулар.

Пантеон

Пантеон, местото каде денес влегува Морис Женевуа, е секуларен храм каде почиваат книжевните светилници на Франција како Волтер, Русо, Дима, Иго и Малро, како и други големи личности од културата, науката и политиката.

 70 мажи опчиваат под големата купола на неокласичната зграда, додека пак само пет жени ја добија честа да бидат со нив таму.

Симон Вејл

Само претседателот може да одлучи за преместување на личности во Пантеон, а Емануел Макрон го искористи овој авторитет само еднаш претходно, во 2018 година, да ѝ даде чест на Симон Вејл, поранешен француски министер кој го преживеа холокаустот.

Напишете коментар