Хачико (10 ноември, 1923 — 8 март 1935 година), познато во Јапонија како Чутен Хачико верното куче) е куче од јапонската раса акита, родено на фарма во префектурата Акита. Станало познато во октомври 1932 година, после репортажата на еден јапонски новинар за кучето, кое со години на железничката станица го чекало својот покоен стопан да се врати од работа.
Што вели кратката приказна за него?
Кучето влегло во историјата поради својата голема верност спрема својот сопственик, јапонскиот професор Хидесабуроу Уено, предавач на токискиот универзитет. Хачико, кој професорот го добил во 1924 година, секој ден одело до најблиската железничка станица Шибуја. Таму го чекало својот господар при враќање од работа. Меѓутоа во 1925 година, професорот Хидесабуро Уено на работа доживеал инфаркт и починал. Сепак, лојалноста на кучето траела цели десет години, каде било пронајдено мртво пред станицата во Шибуја. Тоа до својот последен ден одело да го чека својот господар.
На станицата Шибуја во чест на кучето Хачико стои негов споменик, подигнат за неговиот живот во април 1934 година. Неговите препарирани остатоци се наоѓаат во јапонскиот Народен музеј на науката во Уено, Токио.
Споменикот бил уништен за време на Втората светска војна и обновен во 1948 година.
Во 2015 година, Универзитетот Токио во чест на Хачи и неговиот омилен човек, поставил и втор споменик кој ја прикажува нивната конечна средба. Во местото Одате, на педесетогодишницата од основањето на Здружението за сочувување на расата акита, отворен бил и музејот посветен на Хачи. Во Токио на станицата Шибуја, секоја година љубителите на кучињата организираат церемонија во сеќавање на ова верно куче.
Влијание врз културата
До сега се снимени неколику филмови за Хачико:
– Хачикова приказна, јапонски филм од 1987 година.
– Хачико – приказна за кучето американски филм од 2009 година, меѓутоа филмското сценариото се случувало во Америка, а името на кучето е променето во Хачи.
Интересен податок: Пребарувачот Гугл на 10 ноември 2012 године, на 89-от роденден на кучето Хачико, ја користел неговата слика како лого.
Прочитајте ја приказната: Огледалата и нашите стравови.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.