Албер Ками е светски познат француски писател. Сигурни сме дека веројатно сте чуле за неговите дела, и сте прочитале барем едно од нив. Албер Ками живеел исполнет, но краток живот. Починал многу трагично и неочекувано. Бил филозоф и автор вклучен во движењето на Францускиот отпор за време на Втората светска војна!
Прочитајте неколку интересни факти за Алберт Ками.
Ками е познат како романсиер,но бил и драматург и есеист
Албер Ками е најпознат по своите романи. Сепак, првото негово дело е драма со наслов „Revolte dans les Astaries“ (Бунтот во Астурија) , објавена кога имал 23 години. Тој ја напишал драмата со тројца свои пријатели, а во неа станува збор за шпански рудари кои се побуниле против шпанската влада во 1934 година.
Следната година, Ками го објавил својот прв роман, „L’Envers et l’Endroit“. Потоа, Ками одлучил да ги објавува своите дела во, „циклуси“. Секој циклус вклучуваше роман, есеј и драмско дело. За време на неговиот животен век, тој објавил два целосни циклуса, а третиот циклус не се објавил целосно заради неговата прерана смрт.
Албер Ками израснал во Алжир
Албер Ками е роден во 1913 година во градот Мондови во Алжир (денес градот се вика Дреан). Ками никогаш не го познавал својот татко, бидејќи бил убиен во битката кај Вердун за време на Првата светска војна во 1914 година. Неговата мајка била глува и неписмена, а семејството било прилично сиромашно. Иако Ками е роден во Алжир, тој бил француски државјанин.
Раниот живот на Ками во Алжир ќе продолжи да влијае врз него на многу начини. Тој бил познат како антиколонијалист и не го одобрувал начинот на кој Французите се однесувале кон домородните Алжирци.
Бил член на Францускиот отпор
Многу брзо откако Ками се преселил во Париз, Втората светска војна официјално започнала во Франција. Тој сакал да се приклучи на француската армија, но го одвратилe затоа што страдал од туберкулоза кога имал 17 години.
Кога Германците го нападнале Париз, Ками решил да го напушти главниот град. Се преселил во Лион, каде се оженил со Франсин Фор, пијанистка и математичарка. Двојката се запознала во Алжир во 1937 година и се венчала во Лион во 1940 година. Ками и Франсин се преселиле накратко во Алжир, но потоа морале да се преселат во француските Алпи поради туберкулозата на Ками.
Потоа, Ками се вратил во Париз во 1943 година. Во тоа време, Ками веќе го објавил својот прв циклус книжевни дела и започнал да работи на вториот циклус. Благодарение на славата добиена од неговиот прв циклус, тој се поврзл со француските филозофи Жан-Пол Сартр, Симон де Бовоар и Андре Бретон.
Кога Ками се вратил во Париз по втор пат, бидејќи не можел да им помогне како војник, авторот одлучил да се приклучи на движењето Француски отпор. Тој се пријавил да работи како новинар и уредник во весник Отпор, (Combat). Продолжил да пишува за весникот дури и откако Париз бил ослободен!
Албер Ками е втората најмлада личност што некогаш ја добила Нобеловата награда за литература
Во 1957 година, Ками е добитник на Нобелова награда за литература за неговата „важна книжевна продукција, која со јасна вистина ги осветлува проблемите на човечката совест во нашето време“.
Ками имал 44 години кога ја добил, со што станал втората најмлада личност некогаш наградена со Нобелова награда за литература. Тој доаѓа на второто место по Ридијард Киплинг, кој имал 42 години кога му била доделена таа чест.
Албер Ками исто така бил филозоф
Ками се поврзува со неколку видови филозофиски гранки. За жал, тој најчесто се поврзува со егзистенцијализмот, иако честопати го негирал во многу свои дела. Тој најверојатно бил поврзан со ова движење поради неговите односи со филозофи како Жан-Пол Сартр.
Ками е поврзан и со апсурдот, гранка на филозофијата која ја проучува апсурдноста на животот. Според Ками, дефиницијата за апсурдот е: „Се она што е бесмислено. Така, постоењето на човекот е апсурдно затоа што неговата непредвидлива состојба не наоѓа никакво надворешно оправдување “. Иако оваа идеја може да има прилично негативна конотација, Ками верувал дека животот вреди да се живее, без разлика дали е апсурден или не. Тој само сакал да ја препознаеме апсурдноста како факт, да ја прифатиме и да се справиме со тоа!
Две дела на Албер Ками беа објавени по неговата смрт
Со оглед на тоа дека Ками починал толку неочекувано, не треба да изненадува тоа што имал неколку дела веќе напишани во моментот на неговата смрт. Првиот се вика La mort heureuse (Среќна смрт) и ја раскажува приказната за човекот по име Патрис Мерсо. Многу критичари го споредуваат со ликот Мерсо во „Странецот“.
Второто дело е Првиот човек. 144 страници од ракописот се пронајдени во автомобилот од ообраќајната несреќа каде Ками го изгубил својот живот. Оваа книга била објавена дури во 1995 година и е автобиографски роман за неговото детство во Алжир. Објавена е во нецелосна форма, исто како што ја остави Ками.
Ками имал комплициран приватен живот
Ками бил оженет двапати во текот на својот живот, но бил познат како женкар. Неговиот прв брак бил со Симон Хие. Таа била зависна од морфиум и најверојатно Ками сакал да ја спаси од оваа зависност. Двојката била во брак од 1934-1940 година, но неофицијално се разделиле во 1936 година.
Во 1940 година, Ками се оженил со својата втора сопруга Франсин. Тие имале 2 деца заедно, близначки по име Кетрин и Жанин. Но, тоа што Ками бил оженет со деца не значел дека тој е верен.
Тој имал многу вонбрачни врски, вклучително и една со познатата шпанска актерка Марија Казарес.
Тој исто така имал врски со пријател по име Кристијан Галиндо, актерката Лусе Меурер и друга жена по име Ивон Дукаилар. Ками одржувал истовремени врски со овие три љубовници и неговата сопруга истовремено.
Починал во сообраќајна несреќа
Во 1960 година, кога Ками имал само 46 години, тој загинал во сообраќајна несреќа во Вилблевин, Франција. Тој го напуштил Париз за да оди на одмор со неговиот издавач Мишел Галимар. Ден денес една голема француска издавачка куќа го носи името Галимар.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.