Индиските поговорки и изреки што ги издвоивме се однесуваат и на денешниот современ свет во којшто живееме. Истите можат да ни послужат како совет или потсетник во одредени ситуации.
Прочитајте ги во продолжение.
„Капката вода која ќе падне на усвитено железо испарува, истата капка ако падне на лотосов цвет и на школка ќе блеска како бисер. Така човекот станува она со што се здружува“.
„Нема пријател како што е братот, нема непријател како што е братот“.
„Човековата природа можат да ја изменат две нешта: пари и жена“.
„Не ја сечи вистината како со нож туку говори ја со љубов“.
„Водата станува чиста така што тече понатаму, човекот така што оди напред“.
„Вечно се жалев дека одам бос, сѐ додека не запознав човек без стапала“.
„Да се греши е човечки, да се простува е божествено“.
„Како што тесната облека му пречи на движењето на телото – така богатството ѝ смета на движењето на душата“.
„Кој ќе го победи стравот тој и на тигарот му е опасен противник“.
„Ако сакаш да бидеш среќен еден ден – напиј се. Ако сакаш да бидеш среќен една недела – ожени се. Ако сакаш да бидеш среќен цел живот – одгледувај цвеќе“.
„Подобро е да се живее во својата татковина во неволја отколку во туѓина во задоволство“.
„Без здравје нема богатство“.
„Лебот на сиромавиот му е посладок од лебот на богаташот бидејќи гладот му дава слаткост“.
„Се смеев кога ми рекоа дека и рибата во водата е жедна“.
„Оние кои немаат ни памет, ни духовност, ни милосрдност, ни верност, ни добри навики – само се товар на земјата и одаат како ѕверови во човечки облик“.
„Судбината им се смее и на оние што се многу одважни и на оние што се многу внимателни“.
„За оној кој не знае сегашноста е минлива. За оној кој знае оваа иста сегашност е вечна“.
„Човекот од глава до пете е создаден од своите желби“.
„Лакомиот човек го мачи двојна мака: како да зараоти пари и како да го потроши“.
„Никој никогаш не се изгубил на рамен пат“.
„Ако нас ни е добро ќе им биде добро и на другите“.
Ако не знаеш кого да обвиниш обвини го јазикот“.
„Кога ќе се приближи смртта и песот бега во храмот“.
„Ако им затвориш врата на своите грешки ќе ѝ ја затвориш и на вистината“.
„Утата која се навикнала да јаде и раката која се навикнала да убива никогаш не се смирува“:
„Мајката е божество, а таткото богатство на домот“.
„Ако им затворите врата на своите мани и вистината ќе остане надвор“.
„Доволно е да сте исполнети со љубов. Ништо повеќе не ви е потребно“.
„Вчера бев паметен и затоа сакав да го сменам светот. Денеска сум мудар и затоа се менувам себе“.
„Подобро да се биде внимателен отколку слепо да се јуриша“.
„Како смртниците да најдат радост во таков живот кој е како пена од морски бранови?“
„Слугашј ги другите или сопствениот јазик ќе те направи глув“.
„Со навреда нема да го повредиш мудрецот, со пофалба нема да го возвишиш глупавиот“.
„Секој човек е единствен чувар на сопствената чест“.
„Светот изгледа мрачен кога очите се затворени“.
„На почетокот на човековиот живот стои не знаењето, во зрелата доба тагата, а во староста стои жалоста“.
„Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани“.
Прочитајте ги и моќните изреки за љубезноста и благонаклонетоста што треба сите да ги почитуваат.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.